Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
polozuvanje cveke spomenik12.10.2017  Партиски делегации на коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во придружба на кандидатите за советници и за градоначалник на Кочани присуствуваа на свеченоста по повод празникот 11 Октомври, што се одржа на Споменикот на слободата.
 
Притоа, со положување свежо цвеќе им оддадоа почит на борците за слобода на Македонија.

- Од Споменикот на слободата да упатам честитка уште еднаш до сите наши сограѓани, до сите државјани, до сите Македонци во Република Македонија по повод Денот на востанието – 11 Октомври. Ние како општина и како граѓани сме должни да ги почитуваме нашите предци, нашите борци кои заеднички со другите народи и народности кои што живеат во Република Македонија ја извојуваа слободата, односно ја извојуваа борбата против фашизмот. Уште еднаш, честитки до сите граѓани на Република Македонија, рече Ратко Димитровски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

- Значењето на овој празник е големо поради борбата против идеологијата што ги газеше и негираше сите општоцивилизациски и демокртаски вредности - борбата против фашизмот. Овде, на градндизонсиот споменик на слободата им оддаваме почит на сите жртви за слободата на Македонија. Овде од најголемиот мозаичен споменик во Европа. Истовремено повикуваме ова зло никогаш да не се повтори. Да надвладее разумот, да живееме во слобода, правда и солидарност. Истовремнео повикуваме, Споменикот на слободата да го претвроиме во место за културна афирмација на Кочани и да биде пристојно место каде што идните генерации ќе можат да оддадат достојна почит на луѓето кои ги дадоа своите животи за слобода на Македонија, рече Николчо Илијев, кандидат за градоначалник на Кочани поддржан од СДСМ.

Освен на Споменикот на слободата, кандидатите од листата за советници на коалицијата предводена од СДМ и кандидатот за градоначалник Илијев, по повод празникот 11 Октомври положија свежо цвеќе и во Паркот на Револуцијата. Притоа, оддадоа едноминутна почит пред спомен бистите на првоборците Љупчо Сантов и Раде Кратовче.
 
T. Aјтовски
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code