Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

FA KOCANI16.10.2017 Прва награда за најдобра кореографија и најдобра изведба освои ФА „Кочани“ на Меѓународниот Балкански фолклорен фестивал што викендов се одржа во Приштина, Република Косово.

Во конкуренција од фолклорни групи од Косово, Албанија, Србија, Бугарија, Турција и Романија кочанските фолклористи се вратија со освоени две први награди.

- На Балканскиот фолклорен фестивал во Приштина настапивме како претставници од Македонија и се претставивме со две ора: сплетот овчеполка и женското оро Лазаринки. Од страна на стручното жири добивме две награди од кои едната е за кореографија а другата за изведба на женското оро Лазаринки, истакна Тони Манасиев, раководител на ФА „Кочани“.

До крајот на овој месец за кочанските фолклористи следува гостување во Словенија на фестивал кој го организираат Македонците во градот Јесенице.

Инаку, во последните две три години фолклористите од ФА „Кочани“ се доста активни во изучување на нови кореографии и ора под раководство на нивните ментори наставници Ристе Горгиев и Ана Николова кои што доста амбициозно влегоа во раководството на ансамблот. Станува збор за ората Овчеполе, Малешевија, Малешевка,   Лазаринки и Пијанец.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code