Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

krstevski pres sport13.10.2017  Со гордост и посебна чест последната прес-конференција пред гласањето на локалните избори в недела ја организираме на местото каде што е одигран првиот фудбалски репрезентативен натпревар по осамостојувањето на Македонија и каде што како домаќин настапува еден од најстарите фудбалски клубови во државата.

Токму поради тоа, рече носителот на независната листа за советници Венко Крстевски, сакаме да порачаме дека спортот и грижата за младите за нас е еден од главните приоритети за кои се залагаме во нашата предизборна програма.

- За малкумина можеби ФК “Осогово“ не значи ништо, но за кочанчани тој е вистински бренд, традиција и симбол на обединување. Како што тонеше нашето Кочани, така тонеше и нашиот клуб. Ситуацијата моментално е алармантна и клубот нема услови за егзистенција. Затоа ние, како членови на идниот Совет, ќе се заложиме градот и клубот да ги вратиме таму каде што им е местото, со подобра органзиација, со подобри услови за функционирање на фудбалерите и структурата во клубот, да можеме да го вратиме каде што му е местото, а тоа е Првата лига и исто така, да ги организираме младинските категории подобра за децата да спортуваат и со самото тоа да имаме поздраво општество, рече Венко Крстевски, носител на Независната листа за советници на Општина Кочани.

Крстевски рече дека ФК “Осогово“ е градски клуб, па Општината има должност да го помага.

- Бидејќи во градот не постои политичка партија, органзиација или институција штро може преку еден викенд, на кое било место да собере над 2000 луѓе публика, со самото тоа имаме и должност да му помогнеме на клубот и исто така да созададеме услови и бизнис секторот да се вклучи со помош за да успееме во нашите намери, додаде Крстевски.

На прес-конференцијата Крстевски го коментираше и одбивањето за учество во дебата на останатите носители на листи за советници, што тој им го предложи како можност.

- Одбивањето на дебата од страна на носителите на советнички листи од политичките партии е манифестација на груба партизираност, користење напразни флоскули за манипулација на гласачите и недостаток на аргументи, рече Крстевски.

На крајот од обраќањето тој упати повик до гласачите да дадат поддршка на Независната листата за советници, за да се остварат заложбите и идеите на младите луѓе во општината.

T. Aјтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 97 гости и нема членови


web counter



qr code