Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Pres sdsm zavrsna13.10.2017  Водејќи позитивна кампања сметам дека изградивме позитивен амбиент и предизборна клима различна од досегашните, атмосфера во која зборуваме со граѓаните за потреби и проекти, за почит и еднаквост, рече на завршната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Кочани, Николчо Илијев, кој е пподдржан од коалцијата на СДСМ. 

- Затоа повикувам, позитивниот амбиент пред изборите да продолжи и за време на гласањето и по него. Мирно, фер и демократски да ја избереме новата локална власт. Никогаш, никогаш повеќе да не ни се случуваат инциденти, заплашувања, списоци, поткупи. Секој нека гласа по свој избор и мислење. Кочани го може тоа! Ние сме подготвени да ги завршиме овие избори фер и коректно. Очекуваме политичка култура и почит кон граѓанското право и однашите противници. Нерегуларности и тензии не ни се потребни. Овие денови да ги поминеме така што од понеделник да можеме пак заедно да работиме и да пиеме кафe, рече Николчо Илијев, кандоидат за градоначалник поддржан од коалицијата на СДСМ.

 

Илијев истакна дека сега е време да се придонесе за помирување на граѓаните и за намалување на поларизацијата на политичките партии

- Почитувани сограѓани, Верувам во вашиот правилен избор. Верувам дека сите сте за повеќе пари кај граѓаните, отворена и услужна општина, ефикасно управување со средствата и услугите. Сите сте за повисоки плати, квалитетно образование, чиста и здрава животна средина,  за поддршка на младите, на спортот и културата. За подобар живот на земјоделците и  на пензионерите. Убеден сум дека сите сакате подобар живот, коректен однос, соживот, мир.Ние сме подготвени да работиме за подобар живот на сите. Недела е ваш ден, додаде Илијев.

На крајот од своето обраќање Илијев им порача на граѓаните од општина Кочани дека треба донесат правилна одлука и да гласаат за подобар живот и поубава иднина на сите.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 62 гости и нема членови


web counter



qr code