Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pres vmro policija13.10.2017  Најгрубо кршење на демократските принципи е кога кандидат за советник од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ е приведен во Полициската станица - Кочани и му е запленето возило, телефони како и списоци за измена на членови на Избирачките одбори што ги предложи партијата, рече Лазо Митев, претседател на Општинскиот комитет и носител на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференцијата пред Полицската станица во Кочани тој обвини дека на таков начин МВР се вклучило во политичката кампања на СДСМ.

- Свестете се, ова е невиден скандал!  Како прво: Приведеното лице се наоѓа на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и во време на траење на политичка кампања му е оневозможено да врши агитација и посета на гласачи од „врата на врата“ .Со користење на институциите на системот коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ  се става во нееднаква положба и се оневозможува презентирање на програмата на целосно легален и со закон предвиден начин. Како второ: Со одземање на списоци за измена на  лица именувани за членови и заменици членови на И.О. од партијата ВМРО ДПМНЕ, се оневозможува партијата да направи измена на именувани лица иако тоа е предвидено и дозволено со Изборниот Законик, рече Лазо Митев, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кочани и носител на листата за советници.

Митев рече дека лицето кое било повикано на оинформативем рзговор било информирано дека е постапувано по анонимна пријава, проади што има сомневања  дека тоа е вистина. Според него нема основа за кривично дело бидејќи се работи за активности во тек на предизборна кампања.

- Прашуваме дали 6.000 денари најдени кај татко и сопруг се „поголема“ сума на пари и ако е тоа така дали да очекуваме апсење на пензионери кои можеме да ги видиме пред банките како ги земаат пензиите или апсење на било кој друг кој ја има оваа или слична сума кај себе. Дали СДС во Кочани воведува плаќање со бонови како во „златното“ време на владеење на СДС, додаде Митев.

На крајот од прес-конфренцијата Митев рече дека вклучувањето на Полициската станица во политичката кампања на СДСМ остава мрачна дамка на демократијата во Кочани и во Македонија. Порача дека за таквата партизација и злоупотреба на институциите ќе биде побарана одговорност.

T. Ajтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 153 гости и нема членови


web counter



qr code