Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rezultati kocani16.10.2017  Убедлива победа каква што СДСМ не постигнал подолго време во Кочани, се оценките од анализите за постигнатите резултати на локалните избори.

Кандидатот за градоначалник Николчо Илијев оствари победа уште во првиот круг, иако во услови кога има тројца кандидати обично се прават калкулации за голема веројатност да има и втор.

Сепак, според првичните резултати ид ОИК, бројот на гласовите што тој ги доби, ниту теоретски не се достижни за останатите двајца кандидати, без разлика дали се поднесени жалби или кога би имало забелешки за бројот на неважечки ливчиња. Едноставно, разлика од над 3.700 гласа воопшто не може да се анулира за да се добие нова шанса во евентуално прегласување или втор круг на гласање.

Официјалните податоци на ДИК велат дека Николчо Илијев доби 11.622, Ратко Димитровски 7.895, а Методи Јованов 298 гласа. На гласање излегле 20.827 граѓани, што е 62,65 проценти од вкупно запишаните 33.246 гласачи во изборниот список. Пребројувањето покажало дека 1.013 ливчиња се неважечки, но тоа не го менува крајниот резултат.

Што се однесува за листата на советници, таму состојбата со добиените гласови е нешто поразлична, но сепак мнозинството во Советот на Општина Кочни ќе го има коалицијата предовдена од СДСМ. Нивната листа за советници доби 10.570 гласови, листата на ВМРО-ДПМНЕ 7.960, додека Независната листа на носителот Венко Крстевски 1.314 гласа. Според Донтовиот модел за распределба, СДСМ во Советот ќе има 10 советници, ВМРО-ДПМНЕ 8, а Независната листа 1 советничко место. Бројот наа неважечки ливчиња овде е 982.

Соопштувањето на резултатите од почетните 15-тина гласачки места, меѓу кои и од оние што се сметаат за традиционални поддржувачи на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, беа сигнал дека победата е повеќе од извесна, па на помалку од три часа по завршувањето на изборниот процес веќе започнаа да пристигнуваат најави за победа на Илијев и на советничката листа на коалицијата на СДСМ.

Тоа беше причина и за голема прослава во Трговскиот центар каде на час-два до полноќ се собраа голем број членови, симпатизери и граѓани поддржувачи на социјалдемократскиот блок. Со музика и песна тие ја прославија победата за која рекоа дека е историска и оти доаѓа во вистински момент за да запре уназадувањето на општината и регионот.

T. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code