Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
izbori glasanje lokalni16.10.2017  Во Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево по две недели граѓаните повторно ќе гласаат за да го изберат новиот градоначалник. Недоволниот број гласови да се избере прв човек на општината во првиот круг, ќе ја продолжи предизборната кампања и ќе им даде шанса на кандидатите да придобијат нови гласачи.

Според првичните резултати што ги соопшти Општинската изборна комисија, во Виница кандидатот на коалицијата на СДСМ, Ивица Димитров добил 5.113, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Павлов – 4.852 гласа. Нешто помалку од 1,5 процент му бил потребен на Димитров да оствари победа во првиот круг.

Што се однесува до резулттаите за места во советот на Општината, листата на СДСМ освоила 4.978 гласа, листата на ВМРО-ДПМНЕ 4.579, а листата на НДМ – 402 гласа. Со тоа СДСМ ќе има 8, а ВМРО-ДПМНЕ 7 советници.

Во Зрновци кандидатот градоначалник предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Блаже Станков, доби 791 глас. Потоа следува кандидатот на СДСМ, Ванчо Митев со 460, Методи Николов поддржан од група избирачи има 310, а Киро Коцев од СДПМ 27 гласа. Тоа значи дека во вториот круг одат Станков и Митев.

Кај листите за советници, најголем број гласови - 700 има онаа на ВМРО-ДПМНЕ, додека листата на СДСМ има 605, а листата на група избирачи со носителот Владо Ристов доби 203 гласа. Според тоа, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе имаат по  4 советници, а во Советот ќе влезе и носителот на листата на група избирачи – Ристов.

Во Чешиново-Облешево, исто така ќе има втор круг на гласање за градоначалник меѓу двајцата кандидати, со оглед на малата разлика во добиените гласови. Горанчо Зашов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ има 1.977, а Горанчо Крстев, кандидат на СДСМ добил 1.938 гласа. Кај листите за советници во предност е листата на ВМРО-ДПМНЕ со 1.796, пред листата на СДСМ со 1.642, додека кандидатската листа за советници на НДМ доби 486 гласа. Во Советот на Општина Зрновци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на СДСМ ќе имаат по 5, а НДМ 1 советник.

Т. Ајтовски


©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 61 гости и нема членови


web counter



qr code