Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
pres ilijev blagodarnost16.10.2017  Првичните резултати што ги добивме од Општинската изборна комисија ни даваат за право да соопштиме дека Кочани на овие избори избра промени за подобар живот, рече Николчо Илијев, кандидатот кој доби најголем број гласови за градоначалник.
 
На прес-конференцијата пред зградата на Општината оцени дека изборите биле фер и демократски, упатувајќи благодарнст за добиената доверба.

- На 15 октомври Кочани ја искористи историската шанса и гласаше фер и слободно. На овие избори покажавме дека можеме да бидеме пример за демократско однесување. Задоволен сум што до гласачите стигна мојата порака – дека сè е минливо и менливо –  и дека човечноста и мирот треба да бидат постојани. Почитувани сограѓани, резултатот што го постигнавме е убедлива победа во корист на сите граѓани што сакаат заеднички да градиме подобар живот. Ви благодарам на сите коишто во мене препознавте човек со одговорност  којшто може да ја води Општината во наредниот период, рече Николчо Илијев, новиот градоначалник на Кочани.

Според Илијев, претстои работа за намалување на политичките спротивставености во општеството.

- Сега имаме шанса со компромис и толеранција да градиме хармонија во нашата заедница. Без омраза, гнев и страв – да ја намалиме политичката поларизација. Сега е вистинскиот момент да воспоставиме нови стандарди во работењето и во живеењето во нашата општина: професионалност, одговорност, отвореност, отчетност. Само така ќе изградиме подобар живот за сите во Кочани, додаде Илијев.

Поддршка за заложбите на Илијев даваат и советниците од коалицијата на СДСМ, кои присуствуваа на прес-конференцијата.

Т. Ајтовски


 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 146 гости и нема членови


web counter



qr code