Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
venko solidaren fond16.10.2017  Ја упатувам мојата благодарност до сите граѓани кои гласаа за модерно, прогресивно и урбано Кочани, како и на нашите сограѓани во странство кои ни даваат подддршка, но немаа можност да гласаат за движењето “Младите за Кочани“ на Независната листа за советници, рече на прес-конференција нејзиниот носител Венко Крстевски.
 
По добивањето на едно место во Советот на Општина Кочани, тој најави исполнување на најавените заложби во предизборната кампања.

- Единствено нешто што можеме да ветиме е дека нашата борба ќе биде енерегична и гласна за подобра иднина и просперитет на младите во градот. Воедно, би сакал на господинот Николчо Илијев да му ја честитам заслужената и убедлива победа, да му посакам многу среќа и успеси. Во чест на денешниот светски Ден на гладта, упатувам порака до Илијев, кој е еден од најуспешните бизнисмени во државата и еден од најбогатите луѓе во градот, да даде поддршка на нашата иницијатива за формирање на Солидарен фонд кој ќе биде од помош на социјално загрозените семејства во градот, односно да се откаже од своите месечни примања кои на годишно ниво се 1 милион и 190 илјади денари бруто. Јас, како иден член на Советот на Општина Кочани, ќе поднесам иницијатива членовите од советничките групи својот месечен паушал да го пренаменат за истиот солидарен фонд. Доколку иницијативата не помине со нивна поддршка, јас еднострано ќе се откажам од својот паушал за сметка на солидарниот фонд, рече Венко Крстевски, носител на Независна листа за советници на Општина Кочани.

 

Во обраќањето до граѓаните, беше дадена оценка за текот на изборниот процес.

- Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, ние сме задоволни од резултатот, мислиме дека ова е огромен успех и прв ваков чекор на една независна листа да влезе со кандидат во Советот на Општина Кочани. Нашата борба продолжува, ќе бидеме тука, ќе ги следиме сите активности, ја повикуваме јавноста и луѓето кои имаат идеи, проекти, да се приклучат кон нашето движење, додаде Крстевски.

Крстевски најави дека во Советот ќе има конструктивна соработка за да се реализираат заложбите за напредок и развој на општината.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code