Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo plackovica16.10.2017  Во саботата се одиграа натпреварите од осмото коло во првенството на Втората лига – исток во кое фудбалерите на “Осогово“ како домаќини на средбата со велешки “Борец 1919“ останаа без бодови. Велешани беа поупорни и поефикасни и на крајот славеа победа од 2:1.

Со поразот “жолто-сините“ ја продолжуваат лошата серија со четири натпревари без победа, од кои дури три се на домашен терен.

Дека средбата со велешани ќе биде тежок предизвик за нашиот второлигаш се виде уште во првото полувреме, откако гостите покажаа дека не допатувале за да се бранат. Таквата стратегија им донесе успех и во 24 минута со голот на Ристовски дојдоа во водство од 1:0.

Наместо опоравување од шокот, домашните фудбалери продолжија со дефанзивата, па десетина минути подоцна гостинскиот тим имаше уште една стопроцентна шанса за погодок што не ја искористи Ѓоргиевски откако домашнмиот голман Лазаров интервенираше ефикасно.

Во второто полувреме односот на силите на теренот малку се измени во корист на домашните фудбалери и тие уште во почетните минути тргнаа во напад, па во 53 минута со голот на Георгиевски од слободен удар, “Осогово го изедначи резултатот. Иако присутните на стадионот “Никола Мантов“ очекуваа пресврт на резултатот, со оглед на шансите што ги имаа “жолто-сините“, сепак до тоа не дојде. Нереализираната шанса во која домашните имаа четири играчи против осамениот гостински голман ги чинеше скапо, откако во 74 минута екипата на “Борец“ дојде во водство од 2:1. Голот го постигна Пановски по еден школски одигран напад со неговиот соиграч Вељановски.

Со поразот, “Осогово“ останува на досегашните 7 бода и заглави на последната позиција. Ист број бодови има и “Каменица Саса“, но поради подобрата гол разлика е едно место погоре.

Во следното 9 коло што ќе се игра в сабота, нашиот второлигаш ќе гостува во Штип против второпласираната “Брегалница 2008“.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code