Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
oik tabla1117.10.2017  Уште неколку дена ќе треба да почекаат новоизбраните советници и градоначалникот на Општина Кочани за да ги добијат решенијата со што и официјално ќе започнат да им течат мандатите на функциите.
 
Така налага роковникот за локалните избори според кој треба да започне рокот за поднесување приговори и забелешки до Државната изборна комисија, па дури потоа да се комплетира целиот изборен процес.
 
Од Комисијата очекуваат до крајот на оваа или на почетокот на идната недела новоизбраните да ги добијат решенијата. - Мандатите на советниците и на градоначалникот ќе им бидат доделени по истекот на рокот за приговори, тоа би било најрано в петок или понеделник. Значи, не можам точно да кажам, бидејќи и ние зависиме од тоа во кој момент ДИК ќе ги објави резултатите за конечни рече Марија Гоцева, претседател на Општинската изборна комисија – Кочани.

Гоцева рече дека по завршувањето на гласањето во неделата, членовите на Општинската изборна комисија во текот на вечерта и ноќта работеле на утврдувањето и сумирањето на сите резултати од записниците што до нив ги доставиле избирачките одбори. Притоа од вкупно 63, пристигнале 62 записници, со оглед што еден избирачки одбор е ставен во мирување.

- По сумирањето на резултатите истите записници се однесени во Државната изборна комисија, каде во текот на денот очекуваме да бидат прогласени за конечни и верифицирани, и започнува процедурата со рокот од 48 часа, што би требало да започне од моментот кога и ДИК ќе ги прогласи резултатите, значи ќе чекаме 48 часа за приговори. Записниците што беа доставени од избирачките одбори немаа ниту една забелешка, беа чисти и можеме да кажеме дека имавме фер и демократски избори, без некои поголеми проблеми, додава Гоцева.

И покрај завршените активности околу спроведувањето на гласањето, Општинската изборна комисија ќе продолжи со работа, пред се околу исполнувањето на обврските за надоместоците кон членовите на избирачките одбори и другите задачи поврзани со изборниот процес.

За разлика од Кочани, општинските изборни комисии во соседните општини Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево веќе ги преземаат обврските за спроведување на вториот круг гласање за избор на градоначалник, што ќе се одржи на 29 октомври.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 150 гости и нема членови


web counter



qr code