Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
javno obvinitelstvo17.10.2017  Основното јавно обвинителство во Кочани се уште работи на прибирање вербални и материјални докази за комплетирање на два предмети и донесување на јавнообвинителски одлуки за натамошно постапување.
 
Во предметите се постапува поради утврдено постоење на основано сомнение дека се сторени кривични дела поврзани со изборниот процес.
 
Според веќе потврдените информации од Обвинителството, делата за кои се водат постапките се однесуваат на поткуп при избори и гласање, што е нарушување на изборниот процес според членот 162 од Кривичниот законик.
Едниот од случаите за кои Oбвинителството добило известување од МВР е пријавата за кандидат од листата за советници на коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше повикан на информативен разговор во Полициската станица во Кочани. Вториот случај пак, е по пријава од женско лице од Кочани, кое пријавило за нудење поткуп од 1.000 денари за гласање во корист на една од листите за советници и за градоначалник.

Овие два случаи, поврзани со нарушувањето на изборниот процес, се единствените во цела Источна Македонија. Од Јавното обвинителство рекоа дека имало уште четири постапки за слични пријави во Скопје, Битола, Струга и Охрид и дека и за нив се прибираат потребните докази.

- Сите пријави кои што беа проследени до електронската адреса која што беше исклучиво за пријавување на евентуални изборни нерегуларности , секаде каде што јавните обвинители оценуваат дека има елементи за сторени кривични дела, секаде постапуваат. Онаму каде што јавните обвинители утврдуваат дека нема елементи за сторени кривични дела, туку содржат елементи на прекршоци, ги известуваме надлежните институции, како што е Државната изборна комисија, за да можат тие понатаму да постапуваат согласно нивните законски обврски, рече Џељал Бајрами, јавен обвинител.

За овие случаи, како и за други што евентуално би пристигнале во Јавните обвинителства, надлежните јавни обвинители, како и Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности, итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејствија за расветлување на настаните.

Инаку, за едниот од случаите во Кочани во кои беше инволвиран кандидат од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, од партијата на прес-конференција ги отфрлија основите поради кои се постапува против него, тврдејќи дека се работи за политичка пресметка со неистомисленици на власта.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 147 гости и нема членови


web counter



qr code