Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
fudbal stars natprevar17.10.2017  Младите фудбалери на “Фудбал старс“ и покрај тоа што наидоа на тешки противници во 6. коло од јуниорската лига, сепак постигна поволни резултати и од три средби освоија 5 бода.
 
Во регионалната југоисточна лига, генерацијата 2003 како гостин на теренот во Неготино извлече бод, играјќи без постигнати погодоци на средбата со “Вардар“. И покрај неколкуте шанси за гол, нашите фудбалери не успеале да ја застресат противничката мрежа и на крајот си ги поделиле бодовите со домаќините.
 
Слично како нив, и една година помладите клупски колеги од генерацијата 2004 не успеале да победат, но успеале да извлeчат бод. Против неготинчани постигнале два гола, но примиле исто толку, па натпреварот завршил без победник.

Во регионалата лига - исток пак, екипите на “Фудбал старс“ гостуваа во Велес против соодветните тимови на “Академија Нацев“ и од два натпревари освоија три бода. Генерацијата 2001 ги победи велешани со 2:0, додека играчите од генерацијата 2002 загубија со 4:1.

Нецелосен успех имаа најмладите екипи на “Фудбал старс“ кои се натпреваруваат во детската лига, каде се одигра 4 коло. Како гости тие играа во Виница против соодветните екипи на “Слога“ при што фудбалерите од генерацијата 2005/2006 беа поразени со 3:2. Останатите три екипи беа подобри од виничани, при што фудбалерите од генерацијата 2007/2008 победија со 2:1, генерацијата 2009 ги совлада домаќините со 7:1, а генерацијата 2010 победи со 6:1.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 65 гости и нема членови


web counter



qr code