Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

glasanje izbori kocani18.10.2017  Државната изборна комисија донела одлука за одбивање на приговорот што пристигнал од Општина Зрновци, а се однесувал за заштита на избирачкото право на избирач.

Писмениот допис до Комисијата бил доставен во законски предвидениот рок, а како причина за поднесувањето е наведено прекршување на членот 149 од Изборниот законик.

Притоа, во образложението е наведено дека на болно и изнемоштено лице му било оневозможено да гласа бидејќи во моментот кога членовите од избирачкиот одбор дошле пред неговиот дом, лицето и неговиот придружник не ги слушнале за да им отворат да влезат. Со тоа болниот не го остварил своето право да гласа за листата засоветници и за градоначалник на Општина Зрновци.

Постапувајќи по приговорот во Државната изборна комисија утврдиле дека избирачкиот одбор постапил во согласност со изборниот законик и со упатството за примена на членот 111 од истиот законски пропис. Поради тоа била донесена одлука за одбивање на приговорот.

Усвојувањето или одбивањето на приговорот во Зрновци не може битно да влијае на резултатите од гласањето во првиот, со оглед што во оваа општина ќе има втор круг гласање за градоначалник. Според веќе официјализираните податоци од ДИК, граѓаните ќе треба да се одлучат меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Блаже Станков кој освои 791, и кандидатот на СДСМ, Ванчо Митев за кого гласаа 460 граѓани.

Инаку, до Државната изборна комисија пристигнале вкупно 81 приговор од повеќе општини во државата, но повеќето се однесуваат за скопските и општините од западниот дел на државата, додека приговорот од Зрновци е единствен од источниот регион.

Најголем дел од забелешките се упатени од граѓани за заштита на нивното избирачко право, а дваесетина се поднесени од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и тие во текот на денот се уште беа во обработка.

T. Aјтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 77 гости и нема членови


web counter



qr code