Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

unipab natprevar118.10.2017  Според календарот за натпреварување на ФФМ, од овој викенд започнуваат првенствата во Првата и Втората футсал лига на Македонија.

Во второлигашка конкуренција сезонава од Кочани ќе се натпреваруваат два клуба, досегашниот учесник во лигата - “Унипаб“ и новоформираниот “Торпедо“.

Во првото коло и двете екипи ќе играат на домашен терен, а ждрепката сакаше за противници да имаат и две кумановски екипи. “Унипаб“ ќе го пречека тимот на “Биџо“, а “Торпедо“ ќе биде домаќин на кмф “Илирет“. Со оглед што постарата футсал екипа од Кочани веќе има искуство во лигата, го знае и својот противник, па се очекува ефикасна игра и освојување на првите бодови.

КМФ “Торпедо“ пак,  кој е формиран од пред извесен период, годинава за првпат ќе ги испитува силите во второлигашкото друштво. Според тренерот Крсте Крстев, во екипата настапуваат млади фудбалери од Кочани и околните населени места, а амбициите се во следните две-три првенства да го оддржуваат статусот во Втората футсал лига, па дури потоа да се обидат да направат пробив за пласман во повисок ранг. Инаку, на стартот на првенството тие добиваат реалативно посилен противник, со оглед што “Илирет“ од Куманово минатата сезона беше прволигаш.

Двата натпревари ќе се играт во салата на ОУ “Никола Карев“, закажани се за в сабота со почеток од 17,30, односно од 19,30 часот.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code