Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
drzavna izborna komisija119.10.2017  Државната изборна комисија во текот на денот го објави заклучокот за конечност на резултатите од гласањето за локалните избори што се одржа на 15 октомври.
 
Со тоа ги потврди мандатите на сите градоначалници и на членовите на Советите на општините кои го добија потребното мнозинство гласови и тие наскоро ќе ги добијат решенијата, со што и официјално ќе ги преземат функциите за наредниот четиригодишен мандат.

Од Комисијата потврдија дека во првиот круг на гласањето се избрани градоначалници во 41 општина , меѓу кои е Кочани. Од нив триесет и тројца се од коалицијата на СДСМ, тројца од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, двајца од ДУИ, двајца поддржани од група избирачи и еден од Демократската партија на Турците во Македонија.

Во вториот круг на гласање што ќе се одржи на 29 октомври ќе се избираат градоначалници во преостаните 33 општини, меѓу кои и во Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.

ДИК ги потврди и конечните резултати од гласањето за членови на општинските Совети, со што според добиените гласови во Советот на Општина Кочани влегуваат Томе Солевски, Благој Ситновски, Гордана Антова, Сашо Стефановски, Дени Богатинов, Валентина Андонова, Ѓорѓи Алексов, Мите Ѓоргиев, Емилија Серафинова и Станка Захариева, вкупно 10 од коалицијата на СДСМ. Од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 8 советници и тоа: Лазо Митев, Ангел Максимов, Снежана Хаџи Паунова, Кирил Ѓеоргиев, Јордан Димитров, Гордана Арсова, Дарко Стојчевски и Татјана Лазарова – Осоговска, а од Независната листа мандат добива носителот Венко Крстевски.

Во Советот на Општина Виница 8 советнички места доби коалцијата на СДСМ, а 7 коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во Зрновци по 4 советника имаат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а во Советот влегува и носителот на листата на група избирачи, Владо Ристов. Ист е соодносот и Чешиново-Облешево, каде во Советот по 5 советници ќе имаат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а советничко место има и носителот на листата на НДМ, Љупчо Максимов.

Според роковникот за локалните избори на ДИК, продолжува кампањата за вториот круг гласање и таа ќе заврши в петок, 27 октомври во 24 часот.

T. Aјтовски

 
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 70 гости и нема членови


web counter



qr code