Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
prskanje oriz119.10.2017  Оризопроизводители од Кочанско повторно се жалат дека прскањето со хемиски препарати против плевелите не ги дало очекуваните резултати од третирањето.
 
Иако пробале со различни хемиски препарати, прскале во различни периоди постгнат е многу слаб ефект. Освен вложениот труд, бележат и зголемени трошоци без да имаат фајде од тоа. Велат дека тоа директно се одразува на приносите, поради што наместо очекуваните количини, жнеат и по само една третина во споредба со вообичаеното.
 
Затоа бараат надлежните инспекциски и други органи да обрнат поголемо внимание на тоа што се увезува и дали декларацијата на хемиските препарати е соодветна со фактичката состојба.

- Министерството за земјоделие да поведе сметка за увозниците, каков семенски материјал, репроматеријали какви ни увезуваат, бидејќи скапо ги плаќаме, а можете и сами да видите дека ефект немаме никаков. 20-30 посто има просо, има 30 посто црвен ориз, подник и ќе испадне само 30 посто ориз. А трошоците се дадени, ѓубре е фрлено, вода прскано по двапати, по трипати прскаме, колку повеќе прскаме наштетуваме на оризот, рече земјоделец од Тркање.

Оризопроизводители најмногу се жалат од присуството на просо во нивите, кое воопшто не можат да го уништат. Имало и нови подвидови плевел, поради што оризовата култура не напредувала, туку стагнирала, а временските прилики на му погодувале на плевелот, па тој подобро напредувал од оризот.

Оризопроизводителите велат поради неефикасноста на хемиските препарати повеќе од веројатно е дека од оваа реколта ќе забележат загуби и од над 50 отсто од посеаното.

Т. Ајтовски

 
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code