Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
pateka ratkova skala19.10.2017  Членовите на ПСД “Осогово“ за в недела најавуваат активности во реонот на Осоговијата, при што ќе работат на маркирање и бележење на патеката од селото Рајчани до месноста Раткова скала.
 
Притоа ќе се реализира чистење на патеката и поставување таблички и ознаки со што ќе се обезбедеи полесно движење на планинарите и на граѓаните рекреативци.
 
Од Друштвото ги повикуваат членовите и сите заинтересирани да се вклучат во акцијата, при што неопходно е со себе да понесат каков било алат за расчистување на теренот каде што поминува планинарската патека. Собирното место за поаѓање кон локацијата е од паркот во Кочани, а тргнувањето е во 6 часот изутрина.
 
Превозот до локацијата е со возила, при што надоместокот изнесува 100 денари, а заинтересираните за учество треба да го контактираат претседателот на ПСД “Осогово“, Тошо Антов.

Од планинарското друштво најавуваат дека наскоро Источниот регион треба да добие своја планинска трансферзала. Идејата за нејзино оформување е од пред една деценија, а на неодамна одржаниот состанок во Пробиштип, на кој присуствувале претставници од планинарските друштва во регионот и од Планинарската федерација на Макеоднија, се разговарало за иницијативата, при што е договорен работен тим кој треба да ја исцрта и реализира трансферзалата.Таа ќе се движи исклучиво по по сртовите на планините и преку нивните врвови, а во моментот во нашата држава има само една таква трансферзала во западана Макеоднија. Таа е со должина од 180 километри, при што најниската точка на целата патека е 2100 метри, а таа поминува преку 8 врвови со висина над 2100 метри.

Целта за оформувањето источна планинска трансферзала е да се привлечат што поголем број планински туристи.

T. Ајтовски

 
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 63 гости и нема членови


web counter



qr code