Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
pres sdsm blagodarnost izbori20.10.2017  Од име на Општинската организација на СДСМ – Кочани и од лично име се заблагодарувам за поддршката и за дадената доверба на нашите кандидати за градоначалник и за советници, рече Сашко Костов, претседател на кочанските социјалдемократи на прес-конференцијата што се одржа во партискиот штаб.
 
Притоа тоа упати честитка до граѓаните за вистинскиот избор што го направиле на локалните избори.

- Вие, граѓаните на Кочани, покажавте дека локалното управување и општината ви се важни. Убедливата победа за нас е голема чест, но и обврска да ја реализираме нашата програма.

Да понудиме подобар живот за сите граѓани. Водилка во работата и во раководењето ќе бидат чесноста, транспарентноста и отчетноста. Со тоа ќе докажеме дека ние сме различни од нашите претходници. На тој начин ќе ја оправдаме довербата и ќе бидеме одговорна власт, која ќе се грижи за вас, рече Сашко Костов, претседател на ОО СДСМ – Кочани.

На обраќањето до јавноста, Костов рече дека партијата не прифаќа самоиницијативно креирање кадровски политики и не поддржува реваншизам.

- Почитувани граѓани, заврши ерата на локални шерифи. Наша главна определба е демократизација на општеството и почитување на професионалноста, работливоста и способноста. Главна цел ни е да создадеме и да развиваме квалитетен кадар, да помогнеме во креирањето нови и подобро платени работни места за да ги задржиме младите овде. Се дистанцираме од прикажување политичка моќ и одважност од страна на поединци кои тоа го прават самоиницијативно, а во име на партијата. Цврсто стоиме против секаков вид реваншизам и индивидуално креирање кадровска политика, за што деновиве можеме да прочитаме и на социјалните мрежи. Резултатите и спроведувањето фер и демократски локални избори се заслуга на сите граѓани, а не на поединци. Само заеднички и во позитивна атмосфера можеме да изградиме подобра иднина и општина за сите. Ве повикувам, со постојана комуникација да ги надминеме нееднаквоста, неправдата и  поделбата на „наши“ и „ваши“ и да ги намалиме нетрпеливоста и конфронтациите, одаде Костов.

Костов се огради од шпекулациите за партиски чистки и бркање од работа, затоа што тоа е во спротивност со програмските определби да се реализираат проекти за подобар живот на сите граѓани.

Т. Ајтовски

 

 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code