Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
OIK Kocani20.10.2017  Новиот градоначалник на Кочани, Николчо Илијев и 19-те советници што влегуваат во Советот на Општината, в среда ќе ги добијат уверенијата за избор.
 
Од Општинската изборна комисија веќе го најавија доделувањето на документите со кои се потврдува мандатот на новата локална самоуправа.
 
Пригодната свеченост на која ќе бидат врачени уверенијата ќе се одржи во салата на Советот со почеток од 10 часот. Се очекува на средбата да присуствуваат членовите на ОИК, новоизбраните лица за функциите, како и медиумите и други гости.

За сега се уште нема потврдна информација дали веднаш по добивањето на официјалната писмена потврда ќе се одржи и конститутивната седница, на која треба да им бидат верификувани мандатите на советниците, а потоа тие да го изберат и новиот претседател на Советот.

Според внатрепартиски извори од коалицијата што ја предводи СДСМ, до сега не се одржала некаква координација или договор за да се разгледа можноста, по добивањето на уверенијата, да се премине и на работен дел, во кој би се оформиле советничките групи и комисиите што се во состав на Советот. Се уште не е заклучено ниту кој од мнозинството би бил предложен за претседателското место.

Инаку, според досегашната практика, конститутивната седница вообичаено ја води најстариот советник, а во случајот тоа е Ангел Максимов од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој треба да претседава со изборот на верификациона комисија и да ја предложи првата точка на седницата што се однесува за избор на нов претседател на Советот.

Искуството од 22 април 2013 година, кога се одржа првата средба на поранешниот советнички состав, вели дека освен формирањето на работните тела и комисиите, било усвоено и предлог решението за советници кои како претставници на Општината ќе учествуваат при склучувањето бракови.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 67 гости и нема членови


web counter



qr code