Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
voda cesma124.10.2016  Над 61 денар ќе треба во 2020 година да плаќаат граѓаните на Кочани за потрошен метар кубен вода за пиење. Тоа е сумата што ја пресметале во КЈП “Водовод“ и веќе ја доставиле до државната Регулаторна комисија за енергетика, која според новите законски прописи ја определува цената на водата во сите општини.
 
Според калкулациите во кочанското јавно претпријатие, поскапувањето на водата ќе се прави сукцесивно во наредните две години, односно од 55,5 денари догодина, ќе стигне до определениот износ во 2020-та.

Во споредба со другите градови во Македонија, жителите на Кочани ќе плаќаат најскапа вода за пиење. Цената е двојно повисока од онаа во Скопје каде метар кубен треба да достигне 23,98 денари.

Во Охрид на пример, цената треба да биде 12,48 денари што е меѓу најниските, во Тетово 19,03 денари, во Битола 35,29, а во Струмица 45,02 денари за метар кубен вода.

На една од седниците на Советот на Општината, директорот на кочански “Водовод“ високата цена ја оправдуваше со трошоците за струја што се користи за препумпување.

- До денес цената на електричната енергија е порасната за околу 56,7 отсто и со намалувањето порастот во нето износ изнесува 52 проценти. Водата во Кочани, знаеме, се препумпува двапати, се транспортира на оддалеченост од 5 километри и се совладува висинска разлика од 290 до 450 метри каде што е локацијата на фабриката за вода, рече Љупчо Папазов, директор на КЈП “Водовод“ – Кочани.

Граѓаните реагираат и на досегашната цена на водата за пиење, тврдејќи дека плаќаат највисоки комунални сметки во државата.

- Во Кочани најскапа е и до сега беше, сега и канализацијата ја поскапеа и водата ако ја поскапат, добро е нема проблем... Плус канализација, плус ѓубрарина, доаѓа до 1.500 денари и плус 1.000 денари за вода, ќе треба 2.500 од пензијата само за тоа да дадам... Имам пумпа и повеќе ја користам пумпата, отколку водоводот, рекоа граѓани на Кочани.

Освен највисоката цена на водата за пиење, граѓаните на Кочани до 2020 година ќе треба да плаќаат и по околу 20 денари за метар кубен отпадна вода. Дополнително, освен за ѓубрарината, од 2019 година ќе се воведе и давачка за прочистување на отпадните води што ќе чини околу 34 денари за метар кубем. Тоа значи дека во однос на досегашниот износ, сметките би се зголемиле за повеќе од двојно.

Од Регулаторната комисија за енергетика пак, велат дека заинтересираните правни и физички лица, своите мислења и предлозите во врска со објавеното Барање на комуналните претпријатија можат да ги достават по електронска или обична пошта најдоцна до средината на оваа недела Сепак, прашање е дали тоа ќе има влијание врз крајните цени на водата за пиење.
 
T. Aјтовски
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 148 гости и нема членови


web counter



qr code