Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
amfenol torta 4 rodenden24.10.2017  Голем број вработени во компанијата “Амфенол Tехнолоџи Македонија“ се собраа на забавата организирана по повод 4. роденден на фирмата и нејзиниот постојан успех во изминатиот период.
 
Прераснувањето во еден од носечките стопански субјекти во општината и регионот, со најголем број работници и напредок во финансиските резултати беше повод за заедничка прослава што се одржа во понеделникот вечерта.
 
Со музика, роденденска торта и краток осврт за досегашните постигнувања, директорот Сашко Наков се заблагодари на сите работници за несебичниот ангажман и нивниот придонес “Амфенол“ да се најде меѓу најдобрите фирми во државата.

- Еве веќе после 4 години можам да констатирам дека има скоро 1.300 вработени, големи работни површини од околу 14 илјади метри квадратни, нова зграда од 3 илјади метри квадратни е во изградба и наредната година треба да биде пуштена во функција. Сметам дека постигнавме одлични резултати за овие 4 години, “Амфенол“ стана препознатлив бренд во Македонија и официјално, во статистиките што ги има за 2016 година, е петта според индустриската активност во Македонија, така што тоа е еден резултат што мислам дека заслужува внимание, јас сум горд на тоа и сум благодарен на моите вработени, на мојот тим кој што цело време стои зад мене и цело време напорно работи за да стигнеме до овде каде што сме, рече Сашко Наков, директор на “Амфенол Технолоџи Македонија“.

Според Наков, постигнатото до сега е само полоина од она што е планирано да се реализира како целина. Со досегашниот начин на работа и залагање на сите, тој очекува успешно завршување на претстојните проекти, посебно во наредните три години.

- Во наредниот период не очекуваат нови проекти, нови згради, нови линии, нови вработени. Планот е оваа година да завршиме со уште 100-тина нови вработени и наредната година, некаде при крајот да бидеме околу 1.800 вработени и потоа одиме понатаму за 2019 и 2020 година. Мислам дека за сите вработени, сега се свртуваме кон тоа да покажеме поголема грижа, нудиме многу обуки, многу усовршувања во странство, комуникација со врвни фирми од автомобилската и од другата индустрија. Мислам дека “Амфенол“ е една компанија каде што младите и оние кои што имаат доволно искуство, не само најмладите, можат да се остварат себеси, и ние за тоа не да им се заблагодариме, туку нема да им останеме должни, со тоа што и условите за работа ќе ги подобруваме перманентно секоја година, додаде Наков.

Дел од вработени во “Амфенол“ кои беа прогласени за најдобри и добија награди рекоа дека се задоволни што придонеле за заедничкиот успех на компанијата.

- Јас сум Ивана Наумова, тим лидер во производна единица и на оваа забава сум прогласена за најдобар надворешен работник во компанијата. Голема  благодарност до директорот Сашко Наков кој ни ја овозможи оваа забава. Пред се благодарност за целото достигнување што го имаме во оваа фирма, за сите идеи и предлози што се прифатени од негова страна.

- Јас сум Ивана Стојанова Симеонова, вработена сум во “Амфенол Технолоџи Македонија“ веќе три години, работам во секторот логистика, производна единица антени. Чест и задоволство ми е да сум дел од овој тим, голема благодарност упатувам до менаџерскиот тим на производната единица и до директорот. Оваа награда е само дополнителна мотивација да се залагаме, да го работиме сето она што ее потребно за да ги достигнеме најдобрите резултати за “Амфенол“.

- Јас сум Анета Гаврилова Стаменкова, вработена во “Амфенол Технолоџи Македонија“ три години. Вработена сум како инженер за квалитет во производната единица К-електроника. “Амфенол“ прерасна во една голема фирма во која што може да се напредува, како помладите, така и постарите. Достигнавме големи резултати врз основа на нашиот труд и макотрпна работа.

Роденденската забава на “Амфенол“ е потврда дека компанијата се грижи за своите вработени, а најдобрите работници добија ваучери за туристички патувања, за, како што беше речено, да им остане во сеќавање нивниот придонес за заедничкиот успех.

T. Aјтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 146 гости и нема членови


web counter



qr code