Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
miting sdsm vinica224.10.2017  Коалицијата што ја предводи СДСМ организираше уште еден митинг во Виница пред одржувањето на вториот круг на локалните ибори на кои треба да се избере новиот градоначалник.
 
На собирот што се одржа на просторот на градскиот пазар, пред голем број партиски членови, симпатизери и граѓани, кандидатот за градоначалник Ивица Димитров, уште еднаш ја побара подршката за да се потврди неговото водство од првиот круг, при што претсави и дел од проектите во предизборната програма.

- Чест и гордост е да се борам за мојот град, за Виница. Во Виница сум роден, во Виница израснав, во Виница живеам, по Виница го добив и моето име. Виница е се што имам драги мои пријатели и сограѓани.

Заедно со централната власт во следните 4 години ќе ги реализираме сите клучни капитални проекти кои се во интерес на граѓаните. Да обезбедиме дополнителни количества вода за потребите на  граѓаните во сите населени места и и зградба на канализација со пречистителни станици. Ќе ги одржуваме сите локални и полски патишта во градот и во поголемите села. Целосно ќе ги урбанизираме сите населени места во општината, се со цел граѓаните да добијат одобренија за градба на објектите кои што ги имаат. Инфраструктурата целосно ќе биде подобрена со асфалтирање и поплочување на сите улици во Виница и населените места. Ќе обезбедиме нови паркинг места и изградба на кружен тек на влезот на булеварот “Маршал Тито“. Регионалниот пат од Пекљанска Река до селото Бигла целосно ќе го реализираме. Новата локална власт во сите населени места ќе го подобри уличното осветлување, рече Ивица Димитров, кандидат за градоначалник на Виница од СДСМ.

Поддршка за Димитров како нов градоначалник на Виница од митингот побара и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

- Уште кога донесов одлука на вашите предлози да застанам зад овој човек, јас знам дека е интелигентен, паметен, дека си ја сака од дното на душата Виница. И дека посакува чесност и одговорност, да им служи подеднакво на сите граѓани на Виница, јас сум убеден во тоа. Ивица, да знаеш, ќе фокусираме капитални проекти овде во Виница. Со чесно работење ќе алоцираме сериозни милиони евра за поддршка на младите, но животот не е само работа, со достоинствена плата за младите и другите невработени, животот е и добри улици, животот е здрава вода за пиење и во градот и во сите населени места во Виница. Животот е и театарски претстави и музички концерти, животот е и спортски натпревари, животот е и спортување, но и навивање. Животот е и уличната светилка, животот е и детските градинки, животот е и модерни училишта, современа настава. Затоа, почитувани граѓани, ајде да ги засукаме ракавите и да одржиме лекција на нашиот политички противник, но и на цела Европа, да покажеме дека може да има стандард на живот и во Виница и во цела Македонија, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Заев нагласи дека проектите во програмата за четиригодишниот мандат на Ивица Димитров како нов градоначалник на Виница ќе овозможат подобар развој и живот за сите граѓани во општината. Поради тоа ги повика глачите в недела да гласаат за него и да му ја дадат довербата да ја предводи новата локалната власт.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NE при 11 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 144 гости и нема членови


web counter



qr code