Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
Spomenik zadna strana25.10.2017  Со децении напуштениот и заборавен Споменик на слободата во Кочани, кој со својата грандиозност и уметничка вредност не е во вниманието на локалните и државните институции и власти, станува интересен за младите активисти од фестивалот “Акто“ од Битола.
 
Нивната иницијатива за заживување на такви простори што некогаш имале и културна и историска и уметничка вредност ги донесе во Кочани, каде снимија кратки разговори и мислења од граѓаните што треба да се прави со околината на Споменикот.
 
Целта им е да го оплеменат просторот и да им го отстапат на граѓаните како место за различни општествени активности.

- Сметаме дека во Македонија има многу значајни уметнички склуптурални дела, ова е едно од позначајните што се распаѓа подолго време. Она што ние го работиме како иницијатива од областа на современата уметност и култура е тоа, иницирање и оживување на овие споменици кои што понатаму во соработка со локалната заедница, со кочанската, би го дигнале проблемот на едно повидливо ниво и би го решавале низ различни чекори, бидејќи проблемот очигледно дека е малку покомплексен, од инфраструктура до детална реставрација на мозаикот во тоа како бил во првобитна состојба. Тука има некои плочи, некои делови што недостигаат, но она што нас ни е битно е соработката со луѓето од Кочани и мислам дека е добро што денеска дојдовме на една неформална посета и мислам дека ќе ја продолжиме таа соработка. Но, ние сакаме да иницираме видливост на одредени проблеми, поврзани со култура и уметност, рече Филип Јовановски од фестивалот “Акто“ – Битола.

Поддршка за иницијативата на членовите на “Акто“ доаѓа и од германската фондација “Фридрих Еберт“.

- Целта на овие проекти, на овие активности е не само да се направи реставрација и зачувување на овие проекти, на овие дела кои што се оставени на заборавот на времето, уништувањето и од човековата рака, но и заборавеност од аспект на институционална грижа, туку фокусот е и да се направи едно искористување на овој јавен простор, односно негова употреба од страна на локалците, на Локалната самоуправа, на самите граѓани, рече Ивана Вучкова од фондацијата “Фридрих Еберт“.

Освен Споменикот на слободата во Кочани, иницијативата на младите луѓе од фестивалот “Акто“ е и за реставрацијата и заживувањето со соодветни активности на напуштениот Офицерски дом во Битола, како и на старата железничка станица во Скопје.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code