Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
sobir sdsm zrnovci125.10.2017  Предизборни собири со граѓаните на Зрновци и Чешиново-Облешево организираше коалицијата што ја предводи СДСМ пред претстојното гласање во вториот круг од локалните избори.
 
Притоа од гласачите беше побарана поддршка за кандидатите за градоначалници што се предложени од оваа коалиција, за да можат да се реализиараат најавените проекти.
 
Најпрвин во Зрновци се одржа собиор на кој кандидатот за градоначалник на Општината се забалгосари од лично и од име на советничката група за големата поддршка што ја добија во првиот круг од изборите.

- Значи, од се срце ви се заблагодаруваме и истовремено ве замолуваме, на 29-ти, на вториот круг од изборите, гордо и достоинствено да излеземе и да избереме живот во Зрновци за сите. Во изминатиот период мојот противкандидат проба да ја минимизира мојата личност и мојата кандидатура со тоа што изнесе еден куп лаги и невистини. Јас само ќе му порачам, нека продолжи со негативната кампања, ние не сме како нив и затоа на 29 октомври ќе ставиме крај на нивното недомаќинско владеење, рече Ванчо Митев, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Зрновци.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека Митев ја има целосната поддршка од него и од партијата за понудените проекти и дека очекува грѓаните да му ја дадат довербата..

- Со промените кои што ќе се случат овде во Зрновци прво ќе вбризгаме пари за да ја стабилизираме општината. Општината е во долгови, мораме да ја стабилизираме, за да дадеме ветар во грб. Веднаш за водоводите и канализациите преку Министерството за транспорт и врски ќе ги обезбедиме финансиските средства да почне насекаде да се гради. Преку “Македонијан пат“ и Јавното претпријатие за патишта директно ќе помогнеме за поврзување комплетно на општина Зрновци и да ги реконструираме запустените улици, а има доста такви со дупки, но и да започнеме да асфалтираме заради тоа што има мал милион, по сите населени места се уште неасфалтирани улици и сокаци, шлапаат, како што реков, дечиња наши, газат во калта, ќе добиете комплетно поддршка од централната власт, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Заев најави дека за две години од добивањето на мандатот на новиот градоначалник Митев, општина Зрновци ќе добие подобрување во инфраструктуирата и другите сфери на живеење.

Потоа предизборниот караван на коалицијата на СДСМ во Облешево одржа собир со граѓаните на општина Чешиново-Облешево, каде најпрвин се обрати кандидатот за градоначалник Горанчо Крстев, кој на овие избори по втор пат ја бара поддршката од граѓаните..

- Ви ветив на сите граѓани во 2013 година, не можев да исполнам бидејќи не ме избраа, сега е вистинската шанса да кажеме стоп на овој криминал што се правеше во нашата општина. Сега ни кажуваат, доаѓаат и не лажат, ќе правеле етно-куќа, милион евра. Другари, вие сите знаете, тука мора да се погледнеме во очи, ние ги немаме основните потреби, немаме вода, немаме канализација, немаме инфраструктура. Нашата општина беше запоставена од властите овие години. Затоа ве замолувам, чесно, на 29 да излеземе сите масовно и да го заокружиме бројот 19, за победа, рече Горанчо Крстев, кандидат на СДСМ за градоначалник на Чешиново-Облешево.

За своите понудени проекти во решавањето на инфраструктурните проблеми во општината, Крстев доби јавна поддршка и од претседателот на СДСМ, Заев, кој рече дека време е и руралните општини да добијат соодветно внимание од државата.

- Имаме огромни пари за да реализираме капитални проекти. Заедно сите, ќе ги решаваме уличка по уличка, заедно во сите села, не може во 21 век, децата пушти ги на школо, шлапаат во калта цел ден со мокри нозе, ни доаѓаат болни дома. Кога одиме некаде, каде и да излеземе, што вика Горанчо, земи ги кондурите во ќесе за да можеш да се пресоблечеш да одиш на работа. Ова е 21 век, тоа е недозволиво, затоа сметајте на поддршка комплетна од Владата на Република Македонија за да ги реализираме сите комунални инфраструктурни проекти на територијата на Чешиново-Облешево, рамноправно за сите населени места. Оваа општина има добри перспективи, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

На крајот од собирот со граѓаните на општина Чешиново-Облешево, Заев порача дека тие треба да ја донесат вистинската одлука за тоа каков живот сакаат да имаат во наредниот период, а со поддршката за Крстев сигурно ќе имаат позитивни промени во решавањето на инфраструктурните и други комунални проблеми.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code