Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
sostanok oriz kina26.10.2017  Претставници од Амбасадата на Народна Република Кина, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и од Институтот за ориз, одржаа средба за реализација на проект преку платформата „16 + 1“.
 
Носител на проектот е Центарот за промоција на земјоделската соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Според Васил Гелев, директор на Центарот за земјоделска соработка со седиште во Софија, Македонија и научните работници од Институтот за ориз имаат можност да спроведат проект за демонстративни опити на хибридни сорти ориз од Кина.

Универзитетот во Пловдив веќе работи на тој план, па постои можност оттаму да се пренесат нивните искуства. Станува збор за сорти кои даваат четирипати повеќе приноси од досегашните. Потребно е да се направат сериозни анализи – дали можат ваквите хибридни кинески сорти да успеат и на кочанската почва.

Претставничката од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Лидија Чадиковска, потенцираше дека како држава сме многу заинтересирани за спроведување на еден ваков проект, бидејќи Македонија би била втората земја по Бугарија што во рамки на платформата „16 + 1“, а тоа е соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа би успеала да спроведе еден ваков значаен проект бидејќи во науката и истражувањето многу малку се истражувало во минатиот период. Сега се јавува можноста од кинеската страна и од страна на бугарските пријатели и колеги од Министерството за земјоделство од Бугарија и Универзитетот од Пловдив да се пренесе нивното искуство за една нова технологија за одгледување нови хибридни сорти ориз.

Пренос на знаења и искуство од релевантните институции од Кина на Институтот за ориз за примена на технологијата на овој терен е само дел од можностите што се нудат со проектите на платформата „16 +1“. Според бугарскиот претставник Гелев, проектите од ваков вид носат развој не само во земјоделството, туку и во селскиот туризам и отвораат можност и за ангажирање на нови работни сили.

На состанокот присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кој побара од Министерството да се размислува и за кадровско екипирање на Институтот за ориз.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NE при 11 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 141 гости и нема членови


web counter



qr code