Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
vmro zrnovci oblesevo26.10.2017  Неколку дена пред одржувањето на вториот круг од локалните избори на кои треба да се изберат градоначалници, во општините Зрновци и Чешиново-Облешево се одржаа предизборни собири со граѓаните што ги организираше коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Притоа, беше речено дека поддршката од гласачите за нивните кандидати е многу важна за да продолжи реализацијата на досегашните и да започнат нови проекти.
На собирот во Зрновци актуелниот градоначалник Блаже Станков, кој повторно ја бара довербата од граѓаните, рече дека за новиот четиргодишен мандат нуди обезбедување топол оброк за учениците, како и инфраструктурни проекти што главно се насочени кон водоснабдувањето на жителите од трите села.

- Реконструкција на секундарната водоводна мрежа во село Зрновци, односно изградба на сосема нова секундарна мрежа во должина од 7,5 километри. Проектот за кој веќе имаме изработено техничка документација, предвидува поставување на водоводната инсталација на горна, средна и долна зона, со што би се овозможил избалансиран притисок и непрекинато снабдување со вода на граѓаните во Зрновци. Изградба на уште еден резервоар за вода во село Зрновци со капацитет од 200 метри кубни, што ќе се наоѓа на повисока кота од постоечкиот, со цел да се обезбеди по природен пат непречено снабдување со вода на граѓаните од селото Мородвис. Изградба на бунари за вода преку три бушотини во непосредна близина на повеќенаменското игралиште во Зрновци со цел обезбедување на чиста и здрава вода за пиење. Изградба на бунар за вода преку дупчење на една бушотина во село Видовиште, со цел да обезбедиме поголемо колчество вода за пиење неопходно е искористување на подземните води и нивно приклучување во постојните резервоари, рече Блаже Станков, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Зрновци.

Станков додаде дека има проекти и за изградба на асфалтирани полски патишта, изградба на земјени вади за наводнување, реконстгрукција на домовите на културата во Видовиште и Мородвис и друга инфраструктура.

Поддршка за кандидатурата на Станков даде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој рече дека граѓаните биле под големи притисоци од централната власт, но дека целосната доверба треба да им ја дадат на луѓето кои покажале дека знаат и сакаат да работат.

- Не подлегнувајте на притисоците, сакам да ве поттикнам, да се спротивставите, да излезете на гласање и да го дадете вашиот глас гордо и достоинствено, со радост, знаејќи дека ние сме тука, секогаш кога на Македонија и е потребно, ВМРО-ДПМНЕ е тука. Затоа што со вашиот глас одлучувате да поддржите општина која работи, која ќе спроведе многу проекти во вашето место на живеење и градоначалник кој работи и се грижи за сите, рече Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборни собири и со граѓаните на Чешиново-Облешево каде кандидатот за градоначалник Горанчо Зашов зборуваше за проектите со кои општината ќе продолжи да се развива и ќе добие нов лик.

- Граѓаните на општина Чешиново-Облешево заслужуваат да живеат во модерна и убава општина. Сигурен сум дека имам доволно работно искуство и образование и поддршка од Советот на Општина Чешиново-Облешево од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, значи веќе сакам да кажам дека шестиот советник е назначен, веќе го имаме Советот на општината под наша контрола. Исто така очекувам поддршка од ИК на ВМРО-ДПМНЕ и од претседателот, бидејќи знаеме кои се подобри во донесување инвестиции и фабрики во индустриските зони. Да ги заживееме индустриските зони во Облешево и во Чешиново и да отвориме индустриска зона во некое друго населено место, рече Горанчо Зашов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Чешиново-Облешево.

Зашов додаде дека во својата програма предивдува во Спанчево да се изгради фотоволтаична електрана, да се уреди главната улица од влезот во Облешево до училиштето, доизградба на водоводот во Облешево, Чифлик и Чешиново и други инфраструктурни зафати.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски кој им се обрати на граѓаните, рече дека верува оти Зашов ќе ја добие нивната поддршка за да ги резлизира ветените проекти.

- Човек кој што е стабилен, образован, сериозен, човекот што го знае добро проблемот со оризот, работел во водостопанство, со водата, со оризот, од старо земјоделско семејство, човек кој што нема да ве изневери, човек кој што добро го познавате и човек кој што ќе ја добие вашата поддршка во недела на 29 октомври и ќе ја води општината во наредните 4 години, рече Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На собирот со граѓаните на општина Чешиново-Облешево, Груевски рече дека е уверен дека проектите што им ги нуди кандидатот за градоначалник од оваа партија се реални и остварливи, а нивната реалзиација во наредниот четиригодишен мандат на Зашов ќе покаже дека тој е вистинскиот избор за градоначалник.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code