Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
klarisa aksdemija26.10.2017  Во присуство на голем број гости синоќа беше отворена Клариса академија во Кочани.
 
Станува збор за обука за стручна подготовка на оние кои прв пат започнуваат со изработка на нокти, односно за оние кои што сакаат да научат маникир и педикир, но и за веќе искусните кои што сакаат да се усовршат во својата работа.
 
Им се нуди широк избор на курсеви, обуки за акрил, гел, декорации, трајни тетоважи, депилации и слично, па се до доаѓање и до мастер диплома што значи едукатор во Клариса. Освен тоа, академијата „Клариса Балкан“ дистрибуира се што е потребно од материјал и козметика за козметичките салони.

- Денеска сме овде на отворање на нашата нова академија Клариса акдемија која што спаѓа под нашата фирма „Клариса Балкан“ кој ашто постои околу 7 месеци. Цел на оваа акдемија е преку неа да ги обучиме нашите клиенти за маникир и педикир и да им издадеме сертификат кој што ќе биде признаен во цела Европа и ќе можат да си отворан свој салон. Со академијата им овозможуваме на нашите клиенти да се запознаат со сите нови едукации и обуки а тоа се обука за гел база, обукиа за акрил, за декорација. Освен за нокти, имаме и обуки за трајна тетоважа, за микроблединг која што е нова јапонска метода преку која веѓите изгледаат природно откако ќе се истетовираат. Академијата трае три месеци и откако ќе завршат, нашите клиенти имаат можност да учат и за Мастер едукатор, а тоа се почнува од најнискиот левел но со едукација и усовршување се стигнува и до земање на мастер диплома со која што ќе можат да бидат едукатори во Клариса кои што ќе можат да обучуваат други лица во таа област, рече Мирослава Ѓорѓиева, сопственик на „Клариса Балкан“.

Клариса академијата треба да донесе познати техничари од различни области од целиот свет кои што се научиле на висока професионалност и прецизност, а со академијата ќе работат обучувачи кои се високи професионалци и стручни лица во таа област.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code