Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
spomenik sloboda327.10.2017  Вкупно 5 пријави со идејни решенија пристигнале во Општина Кочани на објавениот оглас за уредување парк во околината на Споменикот на слободата на ридот Локубија.
 
Сите се од архитекти од Македонија кои изразиле свои размислувања како треба да изгледа окружувањето што заедно со споменичниот објект подолг период се без никаква интервенција.
 
За да предизвика поголем интерес во текот на летото беше упатен јавен повик со кој на заинтересираните им се нудеа и парични награди за најдобрите решенија. Сепак, по разгледувањето на пристигнатите трудови, петчлената жири комисија од Локалната самоуправа на Кочани одлучила дека само еден заслужува поголемо внимание.
 
Се работи за предлогот на архитектот Сара Симоска од Скопје, која ќе ја добие третата награда во износ од 25 илјади денари во бруто износ. Останатите идејни решенија не ги задоволиле бараните услови, поради што првата награда во висина од 62 илјади, како и втората, вредна 37 илјади денари, нема да бидат доделени.

Со огласот се бараа понуди од стручни лица за можни архитектонски решенија на целиот простор околу Спомениот на слободата. Меѓу другите услови што требаше да ги содржат предлозите се бараше тие да гарантираат изводливост и одржливост, оригиналност и репрезентативност на концептот, креативност и инвентивност во пристапот на обликување, современ третман на просторот и чтливост на идејата на проектот.

Цел на идејното архитектонско решение за парк на ридот Локубија е да се среди пејсажниот изглед на доминантната кота што се отвора кон југ, а опфатот е со површина од над 130 илјади метри квадратни. Притоа Општината бараше проектантите да предвидат ресторан-видиковец на локација што сами ќе ја определат, потоа патека за маунт бајк велосипеди, едно универзално игралиште за сите спортови, а изгледот на паркот да се збогати со поголема фонтана на една локација.

Инаку, ридот Локубија и Споменикот на слободата, што беше изграден на почетокот на 80-те години од минатиот век, со децении чекаат целосно решение за уредување. По изградбата на споменичниот објект просторот беше заборавен, особено по промената на системот на државно уредување, со што тој ја изгуби својата основна намена и е претворен во руина.
 
T. Ајтовски
 
 
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: North при 0 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 60 гости и нема членови


web counter



qr code