Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
straso pindzur rabotilnica27.10.2017  „Ајде да играме живо, а учиме дигитално“ е Еразмус плус проект во кој е вклучено и ОУ „Страшо Пинџур“ од Соколарци, општина Чешиново – Облешево, заедно со уште 5 eвропски училишта од Турција, Романија, Бугарија, Полска и Литванија.
 
Преку проектот учениците и наставниците преку разни активности се запознаваат за начини и апликации за користење на модерната технологија во процесот на учење, а во исто време преку забавни, спортски и културни активности и манифестации учат за природата и игрите на отворено и затворено.

- Целта на проектот е зголемување на дигиталните компетенции кај наставниците и учениците преку употреба на „паметна табла“, употреба на платформа со која наставниците ќе можат да се поврзат со партнер училиштата од останатите европски држави и во исто време презентирање на традиционалните игри преку кои ќе можат да се одделат учениците од компјутерите, рече Благој Трајков, директор на ОУ „Страшо Пинџур“ Соколарци.

Некои од споменатите активности како дел од проектот се веќе завршени меѓу кои и изложба и подготовка на етно храна од страна на учениците од село Чешиново, спортски активности од страна на учениците од село Уларци, математички активности во село Спанчево. Во понатамошниот период ќе следуваат и други внатрешни и надворешни активности.

Проектот ќе трае две години почнувајки од октомври оваа година а ќе заврши во септември 2019 година.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 150 гости и нема членови


web counter



qr code