Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

radonacalnici v z cs30.10.2017  Трите општини од микрорегионот Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево ги добија своите градоначалници по одржувањето на вториот круг од локалните избори.

По нешто помалку од два часа по затворањето на гласачките места веќе почнаа да пристигнуваат информациите од партиските штабови за тоа како поминало гласањето , а нешто подоцна започна и славењето на победата.

Во Општина Виница, кандидатот од коалицијата на СДСМ, Ивица Димитров е новиот градоначалник. Приота тој не само што ја задржа, туку и за над трипати ја натфрли предноста од првиот круг пред својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Павлов.

Според првичните резултати од ДИК, за Димитров гласале 5.570, а за Павлов 4.682 гласачи, со што меѓусебната разлика изнесува над 8 отсто во корист на победникот. Бројот на граѓаните кои што излегле на гласачките места е скоро ист како во првиот круг, односно изнесува околу 61,5 отсо во однос на вкупно запишаните на избирачкиот список.

Во Општина Чешиново-Облешево новиот градоначалник исто така е од редовите на СДСМ. Кандидатот Горанчо Крстев ја анулираше минималната предност од 39 гласа, на својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Горанчо Зашов и освои 163 гласа повеќе, со што ќе ја преземе градоначалничката функција. Првичните резултати по пребројувањето, а што ги објави ДИК покажуваат дека за Крстев гласале 2.155, а за Зашов 1.992 гласачи. Овде процентот на излезност е за околу 3 отсто помал во однос на првиот круг кога гласале скоро 76 отсто од запишаните граѓани со право на глас.

За разлика од претходните две општини, во Зрновци нема промена на местото градоначалник, односно и во наредниот четиригодишен мандат со неа ќе управува Блаже Станков. Тој, освои 274 гласови повеќе од својот противкандидат Ванчо Митев, пртедложен од коалицијата на СДСМ. За Станков гласале 944, а за Митев 670 граѓани, со што разликата меѓу нов двајцата се намали за околу 60-тина гласа во однос на првиот круг, но тоа не влијаеше врз крајниот резултат.

Со победата на Станков, Зрновци е единствената олпштина во Источниот регион што ќе има градоначалник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Т. Ајтовски

 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 152 гости и нема членови


web counter



qr code