Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

mapa izbori30.10.2017  Дел од новоизбраните градоначалници на општините во Источниот регион за првпат ќе се најдат на таква функција, а со нивното преземање на раководењето на локалната самоуправа, по подолг период во некои општини има смена на политичките опции.

На прес-конференција што ја организираше новиуизбраниот градоначалник на Виница, Ивоица Димитров, им се заблагоадраи на граѓаните за довербата, при што вети дека останува на дадените ветувања дека оти ќе работи во интерес на сите.

- Да ги поздравам граѓаните на општина Виница кои вчера излегоа и го дадоа гласот за живот во нашата општина.

За првпат СДСМ има градоначалник во нашата општина и се надеваме дека во наредните четири години ќе работиме според програмата што им ја понудивме на граѓаните и дека тие ќе бидат задоволни. Општина Виница морада оди напред, општина Виница мора да одие на економски план напред. Општина Виница мора да се развива, доста ни е стагнација, доста ни се поделби, од денес сите граѓани од нашата општина се исти, рече Ивица Димитров, новоизбран градоначалник на Општина Виница.

Димитров рече дека како нов градоначалник очекува конструктивна соработка и поддршка од Советот на Општината.

- Го добивме и Советот, имаме 8 советници од нашата опција, од коалицијата предводена од СДСМ, така што тука е и носителот на листата Митко Илиевски, заедно ќе соработуваме во интерес на граѓаните, додаде Димитров.

Староновиот градоначалник на Зрновци, Блаже Станков на прес-конференцијата во неговиот кабинет рече дека е задоволен што со повторниот избор ќе има континуитет во реализацијата на веќе започнатите, како и на новите проекти во неговата предизборна програма.

- Еве, граѓаните на општина Зрновци повторно го препознаа мојот чесен и одговорен пристап кон работата на Општината, јас навистина им благодарам на довербата и поддршката. Отворено, и сега, ветувам дека и понатаму ќе продолжиме со интензивна работа, да го оствариме ветеното. Ќе продолжиме со реализација на сите проекти кои што беа ветени во новата изборна програма, на сите им посакувам многу здравје и многу радост во нивните домови, рече Блаже Станков, новоизбран градоначалник на Општина Зрновци.

Новоизбраниот градоначалник на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев рече дека своето прво јавно обраќање со благодарност до граѓаните за довербата ќе го има наскоро откако и официјално ќе го добие уверението од ОИК. Во краткиот телефонски разговор за Канал 8 истакна дека останува на определбите да биде градоначалник за сите граѓани, а општина Чешиново-Облешево да биде отворена и за пример меѓу руралните локални самоуправи во регионот.

Т. Ајтовски

 
 
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови


web counter



qr code