Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kocani air31.10.2017  25 стипендии ќе добијат најдобрите студенти од Кочани кои се школуваат на некој од државните универзитети во Македонија.

Локалната самоуправа деветта година по ред го распиша конкурсот на кој можат да се пријават сите редовни студенти кои се жители на општината и кои ја завршиле првата студиска година.

Меѓу условите што треба да ги исполнуваат кандидатите се да не повторувале година во текот на студирањето, како и да не се корисници на стипендија или кредит од дргуи институции или компании. Од дваесет и петте стипендии, една е за студент од ромска етничка проипадност, со цел да се стимулира високото образоание и во оваа малцинска заедница.

Распределбата на стипендиите ќе се реализира со бодување на кандидатите, при што најмногу бодови, максимум 70 носи остварениот успех во текот на студирањето, односно просекот на добиените оценки треба да изнесува најмалку 8. Во обѕир ќе се земаат и материјалните можности на студентот и неговото семејство. Тоа ќе се утврди врз основа на месечните примања по член од семејството во однос на просечната исплатена плата по вработен во Република Македонија во последните три месеци. Според овој услов кандидатот може да добие најмногу 20 бода. Дефицитарноста на кадрите, утврдена со одлука на градоначалникот, на кандидатите може да им донесе уште 5 бода, колку што добиваат и доколку се деца на самохрани родители.

Како дефицитарни кадри за студиската 2017/2018 година во одлуката е наведено дека се сметаат студентите на Технолошки факултет, потоа на Факултетот за ветеринарство, на Факултетот за музичка уметност - отсек виолина и виола, на факултетите за хемија и за биологија, како и текстилните инженери. Одлуката на градоначалникот за дефицитарните кадри е донесена според потребите констатирани од Агенцијата за вработување – Кочани.

Во огласот што го објави Општината е нагласено дека приоритет за добивање стипендија за студирање на високообразовните установи имаат децата кои се без родители или ако до полнолетството престојувале во домови за згрижување на деца во Република Македонија. Исто така за кандидатите од ромска етничка припадност нема да важи условот за минимум остварен успех во студирањето.

Конкурсот за стипендирање на студенти од општината е веќе објавен и трае до 15 ноември. Пријавите и потребните документи кандидатите можат да ги поднесат во Едношалтерската канцеларија или по пошта, на адреса на Општина Кочани.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code