Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

velosipedska tura osogovija31.10.2017  Планинска велосипедска тура по падините на Осоговските Планини реализираа 15 велосипедсти од Македонија и Бугарија, откривајќи ги природните потенцијали за одржлив туризам во овој регион.

Активностите се дел од проектот Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговијата, што започна на крајот од 2015 и ќе трае до март идната година. Главна цел на проектот е зачувувањето на биолошката разновидност, со заеднички напори на локалното население.

Притоа се спроведуваат активности за поддршка на одржливото менаџирање со шумите, подобрување на знаењето за крупните цицачи и анализирање и демонстрирање на потенцијалот на Осогово за еко-туризам.

Во рамки на турата од македонска страна учествуваа велосипедисти од Кочани, Виница, Штип и Скопје, а имаше и шестмина учесници од Бугарија. Тие изразија задоволство од подготвеноста на патеките на бугарска страна и очекуваат натамошен развој на рекреативни, па и професионални активности за планински односно маунтбајк велосипедизам во Осоговијата.

- Сите си поминавменогу убаво, на сите Македонци многу им се допадна нашиот дел, од другата страна на планината. Таа е многу слична со вашата, нема големи раЗлики бидејќи се наоѓаат многу блиску. Исто така, направивме три маршрути што се прилагодени за секоја возраст и семејства, можат да возат по нив, тие се околу 25 куилометри и целосно маркирани по целата траса и навистина се многу пријатни за секого, може да се користат и без GPS и без мапа и електоронски помагалa, рече Павел Козарски, велосипедски шампион на Бугарија во маунтбајк.

- По црн пат, значи, со планински велосипеди се качуваме до Царев Врв, оттаму одиме до Пониква, значи со мала пауза на Пониква и на крајот завршуваме во Злетово. Должината е околу 40 километри, со тоа што е малку полесна во однос на тоа што има малку повеќе спуштање, а полесно е качувањето, рече Панче Зафиров, велосипедист од Кочани, член на велосипедскиот сојуз “МТБ Исток“.

- Сега сме, последните неколку години, насочени кон планински велосипедизам, ова е одлична можност, овој настан токму сега што се одржува помеѓу наши и велосипедисти од Бугарија се со цел и тие да ги видат можностите на нашите предели и ние кај нив, да ги видиме можностите што ни ги дава самата планина. Пред камера звучи невозможно или необично, но се е возможно, секој дел од планината, секој предел, секоја помината река, секој искачен врв претставуваат посебно доживување и препорачувам секој што може да се вклучи, рече Јоже Јованов, велосипедист од Кочани, член на велосипедскиот сојуз “МТБ Исток“.

На македонска страна од Осоговијата се возеше на релацијата Калин Камен – Царев Врв – Пониква – Раткова Скала – Шталковица – Злетово, при што се помина патека во должина од 44 километри.

Проектот Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговијата се спроведува како партнерство на Македонското еколошко друштво и Фондацијата за биоразнообразие од Бугарија и германската фондација Еуронатур.

Т. Ајтовски



 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code