Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

izborna komisija-makedonija01.11.2017  Без приговори и забелешки до Државната изборна комисија помина вториот круг од локалните избори во трите општини од микрорегионот.

За разлика од првиот круг, кога во Зрновци имаше приговор заради заштита на избирачкото право на избирач, ноќеска до 2 часот до кога траеше рокот, во ДИК не пристигнал приговор за регистрирани неправилности во вторит круг на изборите.

Со тоа им е олеснета работата на членовите на Комисијата, па се очекува тие да ги верифицираат постигнатите резултати од гласањето за кандидатите за градоначалници на Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци.

Според веќе објавените податоци од ДИК, гласачите одлучија во наредните четири години трите општини да ги раководат Ивица Димитров и Горанчо Крстев од коалицијата на СДСМ и Блаже Станков од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Општинската изборна комисија – Виница, Ацо Ѓорѓиевски рече дека изборниот процес бил сосема чист, па затоа немало ниту приговори, а доделувањето на уверенијата на новиот градоначалник и на членовите на Советот е планирано за в петок напладне.

Во ОИК на Зрновци и Чешиново-Облешево рекоа дека во текот на денот исто така очекуваат потврда, односно верификација на резултатите од ДИК, по што ќе го планираат доделувањето на уверенијата. Сепак, во текот на наредната недела се очекува во трите општини да се одржат конститутивните седници ан Советите и да започне да им тече мнандатаот на новизбраните локални власти.

Инаку, до Државната изборна комисија пристигнале вкупно 103 приговори, од кои партијата Беса – поднела дури 89. Алијансата за Албанците 13 и еден приговор е поднесен од НДМ. Сите приговори се однесуваат за скопските и општините од западниот дел на државата.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code