Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

mobilnost kviz01.11.2017  Прво место освоија членовите на здружението „Мобилност“ од Кочани на 23-то издание на Републичкиот квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, што во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија, „Мобилност“ се одржа во село Банско, Струмица.

Во конкуренција од 16 екипи од здруженијата членки на сојузот а по исклучително интересна борба и презентација на знаењеа од повеќе области првото место го освои екипата на кочанското здружение со освоени 86 поени, а кое беше минатогодишен победник во истиот квиз натпревар.

- Екипата на „Мобилност“ од Кочани го освои првото место на квиз натпреварот, многу сме среќни што успеавме по втор пат да бидеме први во државата, беше тешко да се освои првото место бидејќи имавме силна конкуренција, рече Горан Војновски, претседател на здружението  „Мобилност“ Кочани.

Следна активност на здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ од Кочани е организирање на работилница на тема  „Како полесно до бенефициран стаж на лицата со телесен инвалидитет“, интересна тема која што ги засега сите лица со ваков инвалидитет. Работилницата ќе се одржи  на 18 ноември во хотел  „Александар Парк“  во Виница, а се очекува да присуствуваат  претставници од Министерството  за труд и социјална политика како и градоначалниците на Кочани и Виница и општините од регионот.

На работилницата со мала свеченост ќе биде одбележана и  25-годишнината од постоење на здружението „Мобилност “ од Кочани, а ќе бидат доделени и благодарници на сите лица и фирми кои што за сите овие 25 години на некој начин го помагале  здружението. За луѓето со телесен инвалидитет од цела Македонија кои што ќе бидат присутни на свеченоста ќе биде организирана и посета на Музејот „Теракота“ во Виница.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code