01.11.2017 Хуманитарен настан организираа членовите на МО „Авангарда“ од СОУ „Гошо Викентиев“ за помош на малата Николија Динова од Неготино која има само 9 месеци, а има здравствен проблем со десната страна од мозокот.
Таа е веќе во Германија каде подлежи на третмани, но истите чинат 11.000 евра, сума која што нејзиното семејство не може да ги обезбеди. Затоа ги моли сите хумани граѓани ако се во можност да помогнат. Учениците од МО „Авангарда“ излегоа во пресрет и организира хуманитарен настан.
- МО „Авангарда“ при СОУ „Ѓошо Викентиев“ Кочани органиизра хуманитарна активност која што е наменета за помош на малата Николија Динова од Неготино на која што и е потребна итна операција на мозокот.
Цела Македонија покрена иницијатива да се соберат средства за да можеме да и помогнеме на малата Николија. Хуманитарниот настан содржи повеќе уметности, музика, драма, поетско читање и слично. Настанот се одржува во два термини а влезниците се со симболична цена од 30 денари. МО „Авангарда“ и во иднина ќе продолжи со органиизрање на вакви и слични хуманитарни активности, рече Бојана Китанова, претседател на МО „Авангарда“.На настанот покрај исполнувањето на химната на МО „Авангарда“ , ученици од училиштето читаа поезија, а за оваа прилика подготвија и драма. Учество зедоа и фолклористите на ФА „Мугри“ од Кочани а присутни во публиката беа учениците од основните и средните училишта кои што несебично донираа за малата Николија и ја покажаа својата хуманост.
Т. Велкова
23°C
Кочани