Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
01.11.2017 На 20-та јубилејна манифестација „Тортијада“ што во организација на здружението „Мобилност“ од Струмица а финансиски поддржана од „Мобилност“ Македонија жените членови на здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ од Кочани го освоија третото место со тортата „Казан за ракија“.
Во силна кокуренција со учество на 14 екипи од 12 здруженија од Македонија и по една екипа од здружение од Србија и Босна и Херцеговина, кочанските жени Лиле Мицевска и Здравка Данева од „Мобилност“ се најдоа меѓу трите најдобри во државата.
- На манифестацијата се претставивме со торта „Казан за ракија“ и освоивме трето место. Со оглед на тоа што лани зедовме второ место со тортата „Ајвар“ мислевме дека годинава ќе одиме нагоре на прво место, но сепак сме задоволни и од ова бидејќи сме задоволни од она што го изработивме, рече Лиле Мицовска, член на „Мобилност“ Кочани.
Кочанските жени освен во торти се докажуваат и се најдобри и во други дисциплини и натпревари.
- Во јуни зедов прво место во атлетика на државно превенство конечно победив после 30 години и веќе неколку години сум прва во натпревар во пинг понг, додаде Мицовска.
Манифестацијата на здруженијата на телесни инвалидитети праќа една јасна порака за заложба за изедначување на правата на лицата со телесен инвалидитет и дека и овие лица и покрај физичкиот хендикеп сепак можат да учествуват во разни манифестации и можат да се докажат и да покажат дека и покрај хендикепот кој што го имаат сепак се исти како другите луѓе.
Кочанските жени од „Мобилност“ на ланската „Тортијада“ земаа второ место во држава со тортата „Ајвар“, а Мицовска вели дека тортите и други јадења ги подготвуваат со голема љубов и внимание, а ставаат акцент на традиците кои се уште постојат и се негуваат во нашите краишта во случајот подготовка на ајвар и варење ракија.