Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kocani panorama sever01.11.2017  Подобрување на инфраструктурата, изградба на патишта, водовод, нови содржини и вработувања за младите, се дел од барањата на кочанци од новиот градоначалник и советниците на градот.

Канал 8 меѓу граѓаните со анкета и прашања на тема што му недостасува на Кочани и што очекуваат од новиот градоначалник.

- Од новиот градоначалник очекуваме тоа што го вети во кампањата и да го оствари. Приоритет во Кочани е  да се асфалтираат одредени улици, водоводот не е целосно реконструиран и на некои места нема доволно притисок на водата и вработување на младите, рече жител на Кочани.

- Мислиме дека со новиот градоначалник ќе биде подобро во Кочани. Јас само преедлагам да се реши проблемот со кучињата скитници во градот бидејќи тоа е голем проблем ги напаѓаат децата кога одат на училиште, во наше време тоа го немаше, рече жител на Кочани.

- Нека има подобар живот за помладите како вас, ние постарите само сакаме редовни пензии и паркот да ни го поправат да не ни е ископан, туку  да се среди, рече жител на Кочани.

- Од новиот градоначалник на Кочани очекуваме да биде подобар од досегашниот. На пример, јас живеам кај Болницата и до Tрговскиот нема никаде клупи да можеме да седнеме, значи ако може да се стават клупи за седење, ние сме постари луѓе и сакаме да одмориме, а исто така да се поправи хигиената во градот, да може Кочани да биде почист град за живеење, рече жител на Кочани.

Ова е мислењето на граѓаните за она што му недостасува на Кочани, а на  новиот градоначалник кој што го избраа токму граѓаните му преостанува во својот мандат исполнување на ветената програма која што содржи подобрување и активности од сите сфери на живењето во градот.

Т. Велкова 

 
 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 149 гости и нема членови


web counter



qr code