Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
sednica sovet konstitutivna102.11.2017  Со одржувањето на првата, конститутивна седница, и официјално, работно започна мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани.
 
Најстариот член на Советот, Ангел Максимов, кој раководеше на почетокот од седницата, предложи како прва точка во работниот дел да биде верификацијата на мандатите на советниците, што што спроведе избраната комисија. Честитки за составот на новиот Совет упати градоначалникот Илијев, кој порача дека очекува конструктуивна и добра соработка.

- Ние сме избрани од граѓаните на последните локални избори, гласачите кои во нас препознаа луѓе кои имаат знаења, вештини и можност да придонесат за подобар живот во нашата локална заедница.

Советот, секако дека ќе биде место на вкрстување на нашите различни мислења, овде ќе разговараме и ќе се договараме за нашите различности и секако дека ќе донесуваме одлуки што ќе бидат во интерес на граѓаните. Не чека многу работа, нема да биде ниту лесно, ниту едноставно, меѓутоа сметам на вашата конструктивна поддршка во Советот, да придонесеме за решавање на поголем дел од проблемите и да придонесеме за подобар живот на сите граѓани во општина Кочани. Уште еднаш, го честитам конституирањето на Советот и посакувам успешна работа, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Со тоа заврши првата, а веднаш потоа започна и втората седница на Советот на која прва точка беше избор на негов претседател. Како предлог на мнозинската советничка група за функцијата беше предложен Томе Солевски, кој беше и носител на кандидатската листа на коалицијата што ја предводи СДСМ.

Коорднаторот на советничкаѕта група предвоена од ВМРО-ДПМНЕ, Лазо Митев го честиташе изборот и верифицирањето на мандатите на сите советници и рече дека тие како група ќе дадат поддршка на предлогот за претседател.

- Ние нема да дадеме предлог за претседател на Совет, напротив, ќе го поддржиме колегата Томе Солевски од две причини. Првата е онаа што ја кажав и во мојата прва изјава пред медиумите, дека сакаме да покажеме пред јавноста дека ќе бидеме конструктивна опозиција, и втората е поради едно неодамнешно заедничко минато со колегата Томе Солевски, рече Лазо Митев, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот беше едногласно усвоен, по што Солевски седна на претседателското место во Советот. Заблагодарувајќи се на довербата, тој рече дека функцијата ја сфаќа како обврска и очекува конструктивна соработка со сите советници.

- Благодарност до сите, прво до советничката група на СДСМ. и на коалиционите партнери. Голема благодарност за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и од коалиционите партнери, како и од Венко Крстевски, како независен кандидат. Многу убав момент е кога сите заедно ќе донесеме некоја одлука, јас многу пријатно се чувствувам дека почнува да дува некој нов ветер во општината, значи време е сите заедно да застанеме и да го направиме овој град поубав. Со наша помош, градоначалникот треба да ја добие, благодарност и за неговото присуство, за поддршката цело време, уште еднаш многу благодарам за целосната поддршка и очекувам успех во нашата работа, рече Томе Солевски, претседател на Советот на Општина Кочани.

Честитки за изборот на новиот претседател на Советот упати и советникот од независната листа, Венко Крстевски.

- Ја користам оваа прилика да му го честитам изборот за претседател на Советот на Општина Кочани на доктор Томе Солевски, да му посакам среќа  успеси во работата. Самиот начин на избор, односно предлогот што беше усвоен едногласно покажа дека Советот во иднина ќе ги руши бариерите и ќе гради мостови на поврзување за конструктивна работа во интерес на граѓаните на општина Кочани. Исто така, сакам да им честитам и на останатите советници, да ги повикам на конструктивна работа и соработка, се со цел во интерес на граѓаните на Општина Кочани, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

Во вториот дел од седницата се премина на формирањето на 11-те комисии кои се во состав на Советот, а беше усвоено и предлог решението за советници кои како претставници на Општината ќе учествуваат при склучувањето бракови.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code