Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica sovet kocani12102.11.2017  На втората седница, пред формирањето на комисиите како тела на Советот, Општина Кочани, преку координаторите за еднакви можности на жените и мажите,упати препорака за спроведување позитивни мерки со кои при еднакви услови се дава приоритет на лица од помалку застапениот пол, сè додека не се постигне еднаква застапеност на двата пола или не се постигне целта заради која се преземени.

Според координаторката за еднакви можности во Општина Кочани, Љубинка Ајтовска, Советот на Општина Кочани е еден од ретките во Република Македонија што на ваков официјален и транспарентен начин, покажа политичка волја и родов сензибилитет за прифаќање и почитување на позитивните законски мерки за еднаква застапеност на мажите и жените во комисиите.

– Препорачавме дека не треба како во минатиот состав комисиите за сообраќај и за комунални работи да бидат составени само од мажи, а Комисијата за еднакви можности да биде „женска“ комисија. За почеток, поместувањата можеби се минимални, но нивното суштинско значење е големо, рече Љубинка Ајтовска, координатор за еднакви можности во Општина Кочани.

Координаторите за еднакви можности во Општина Кочани изразија надеж дека почитувањето на препораката од Советот ќе го отвори патот за унапредување на родовата еднаквост и почитување на Законот за еднакви можности и во другите локални јавни установи, служби, комисии и одбори.

Општина Кочани соработува со канцеларијата на UN Women во Скопје во насока на зајакнување на капацитетите на општинската администрација ина советот за родово одговорно креирање политики и буџети и унапредување на родовата еднаквост.

 

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code