Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

grobista02.11.2017  На Задушница да се носи само лепче, пченица, црвено вино и свеќи. Доколку се носи храна, тоа да биде скромно и истата да биде раздадена на сиромашни.

Со ваков апел излегоа свештениците на ден пред Задушница раководени од искуството дека луѓето со изговорот „да се најде пред покојниот“ носат големи количини на храна на гробовите и прават помпезни настани од самата Задушница. Покојните имаа потреба само од молитви, велат свештениците.

-Здраворазумно е дека покојните немаат потреба од храна, а знаеме дека на овие денови изобилно се носи храна и се раздава. Нашиот апел е не да се дава храна на оние кои се најадени, туку на оние кои што се гладни и економски слаби. Покојникот има потреба единствено само од молитва, истакна Димитар Арсовски, ѓакон.

Свештениците појаснуваат зошто Задушница се слави пред Митровден.

- Историјата сведочи дека во 1380 година кога руските племиња извојуваат победа над татарите било побарано од војниците на неколку игумени да направат панихида за оние војници кои што ги положиле своите животи за одбрана на татковината и таа практика продолжила и наредните години да се одбележува како Задушница пред Митровден, додава Арсовски.

На Задушница пред големиот празник Митровден луѓето ги посетуваат вечните почивалишта на покојните каде што со свештениците и луѓето упатуваат молитви за починатите. Во петок со почеток во 14 часот свештениците од храмот „Св. Вмч. Ѓорѓи“ ќе излезат на вечните почивалишта на починатите лица и ќе вршат помен за нивната душа, а во сабота во 7 часот ќе се читаат молитви за упокојување на душите на починатите.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code