Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
pres ilijev dolgovi opstina03.11.2017  Долговите и обврските од општинскиот буџет се поголеми од приходите и мали се можностите тие да се покријат во краток период, поради што финансиската состојба во Кочани е сериозно лоша.
 
Транспарентноста во работењето, што го ветив пред изборите, ми налага вистинската состојба да им ја соопштам на граѓаните, рече градоначалникот Николчо Илијев на својата прва прес-конференција по преземањето на функцијата, а на која тема беа општинските финансии.

- Првичната анализа која ја направиме, односно ја направија службите на Општина Кочани, покажува дека нашата општина во моментот е неликвидна.

Со други зборови, трошоците што ги имаме не се покриваат со приходите што ги добиваме секојдневно. На функцијата градоначалник сум од 25 октомври, и според информациите што ги добив од моите соработници, ние во моментот на тековната сметка имаме долгови по основ на обврски што се направени во изминатиот период, значи тековни, по фактури, околу 48 милиони денари. Тоа значи дека обврските денеска што лежат за подмирување, само по основ на тековни обврски, се околу 800 илјади евра, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Илијев додаде дека покрај овие долгови, Општината има и финансиски обврски за отплата на ратите од земените кредити од Светска банка, од кои едниот кредит има остаток за враќање од 19 милиони денари до 2022, односно нешто повеќе од 300 илајди евра, а другиот што доспева за враќање до 2027 година е на износ од 57 милиони денари, односно околу 1 милион евра. Освен нив, има невратена краткорочна позајмица од Буџетот на државата во висина на 3,5 милиони денари што не е подмирена со години, како и други обврски по основ на изведени проекти, а за што пристигнуваат фактури.

- На крајот, кога ќе ги собереме севкупните обврски што произлегуваат од долговите на основниот буџет, излегува дека нашата Општина е презадолжена и неликвидна општина, односно задолжена со 157 милиони денари, или со други зборови, нашата Општина има долгови за враќање по сите основи од 2,6 милиони евра, рече Илијев.

На овие долгови треба да се додадат и неплатените обврски на училиштата во Општината што изнесуваат вкупно 43 милиони денари или над 700 илјади евра, поради што едно училиште веќе има блокирана сметка, а наскоро тоа може да му се случи на уште едно, додаде Илијев. Исто така, трошоци на буџетската сметка се направени и со неодамна завршените локални избори во висина од 2,5 до 3 милиони денари.

Сепак, и покрај вакавата сотојба Илијев рече дека ќе работи на поправање на финансиската состојба.

- За да може Општината понатаму да продолжи да функционира, ни следи за жал, најбрзо што е можно ребаланс на Буџетот за 2017 година се со цел да го доведеме во рамки каде што ќе можеме колку-толку нормалмо да функционираме. Со ребалансот ќе предвидиме кратење на приходите кои веќе се предвидени, а ги нема, меѓутоа на другата страна ќе ги скратиме и расходите кои преостануваат уште за реализација, додаде Илијев.

Според градоначалникот, и покрај сериозноста на задолженоста, не треба да има паника, затоа што ќе се бараат начини за наплата на побарувањата што ги има Општината, а ќе се разговара и со доверителите да помогнат во надминувањето на задолженста и постепено да се плаќаат обврските кон нив.

На прес-конференцијата имаше и други податоци околу финансиската состојба на општинската буџетска сметка, но за нив подетално ќе инфомриараме во наредните денови.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 147 гости и нема членови


web counter



qr code