Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sovetnici gradonacalnik vinica03.11.2017  Сите членови кои влегуваат во составот на Советот на Општина Виница, заедно со новиот градоначалник Ивица Димитров, присуствуваа на свеченото доделување на уверенијата од Општинската изборна комисија, со што и официјално ги презедоа мандатите за своите функции.

Претседателот на комисијата, Ацо Ѓорѓиевски, оцени дека изборниот процес поминал фер и демократски, со сосема мали технички проблеми што воопшто не влијаеле на постигнатите резултати и на распределбата на местата во Советот.

- Јас им честитам на сите избрани советници и градоначалник на Општина Виница и посакувам успех во работењето. Вие сте сега креатори на општината, како за изгледот, така и економски просперитет, и сакам да порачам, кога ќе одлучувате, одлучувајте со разум, а не со емоции. Исто така, ако сакате некого да разберете, заменете ги местата,е ден да биде на тоа место, а вие на другото. Ако е добро, правете го тоа, ако не е добро, не правете го, бидејќи сите сме луѓе. И трето, има една изрека, правете го она што сакате да ви го прават, рече Ацо Ѓорѓиевски, претседател на Општинската изборна комисија – Виница.

Градоначалникот Димитров изрази благодарност за коректната работа на Општинската изборна комисија во двата круга од изборите и најави дека ќе ги почитува препораките за заедничко и конструктивно работење со Советот.

- Честитки до избраните советници на Општина Виница и се надеваме дека во следните 4 години ќе соработуваме заедно и дека ќе ги претставуваме интересите на граѓаните. Граѓаните на нашата општина гласаа за живот во Виница, гласаа за млади, стручни и просперитетни кадри кои ќе ја водат Општината, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

И двајцата носители на советничките листи од коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека ќе бидат конструктивни во работењето на општинскиот Совет на Виница.

- Голена благодарност до жителите на општина Виница кои ни ја дадоа својата поддршка, што не поддржаа во овие избори, честитки за сите советници, се надевам дека ќе имаме плодна и успешна соработка, како со опозицијата, така и и со градоначалникот на Општина Виница, рече Митко Илиевски, носител на советничката листа на СДСМ.

- Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите граѓани на општина Виница кои што гласаа за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Ние ќе ги претставуваме нивните инетерси во Советот на Општината и ќе се бориме сите проекти кои се во интерес на граѓанте, ќе ги поддржиме, но на сите оние што се спротивни на интересите на граѓаните, жестоко ќе се спротивставиме, рече Миле Петков, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Советот на Општина Виница распределбата местата беше меѓу двете најголеми коалиции, при што од вкупно 15 советници, мнозинството со осум места го има СДСМ, а другите седум како опозиција го има ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.

Конститутивната седница и преземањето на работните обврски на новата локална власт ќе почека до наредната недела, со оглед што новиот градоначалним се уште ја извршува функцијата директор на Државниот комунален инспекторат во Скопје.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 105 гости и нема членови


web counter



qr code