Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.
stankov uverenie03.11.2017  Општинската изборна комисија од Зрновци на пригодна свеченост им ги додели уверенијата за нов мандат на градоначалникот Станков и на советниците што влегуваат во составот на Советот на Општината.
 
Претседателката на Комисијата, Светлана Димитровска рече дека изборите поминале во демократска атмосфера, поради што упати честитки и до граѓаните и до учесниците во изборната кампања.

- Да ви честитам за високата свест и достоинство во процесот на локалните избори. Во Зрновци изборите беа фер и демократски, и во име на членовите на Општинската изборна комисија на сите вио ја честитам победата и ви посакувам успешна и ефикасна работа.

Како граѓани на Зрновци, очекуваме да работите во интерес на сите граѓани, да им помагате на граѓаните во општина Зрновци, рече Светлана Димитровска, претседател на Општинската изборна комисија – Зрновци.

Од име на присутните на доделувањето на уверенијата, благодарност за довербата од граѓаните искажа градоначалникот Блаже Станков, кој во наредните четири години по трет пат ќе ја извршува функцијата. Притоа најави соработка со Советот за да се реализираат ветените проекти.

- Пред се сакам да се заблагодарам на граѓаните на општина Зрновци што повторно ми го дадоа овој мандат со ветување дека и понатаму ќе работам посветено со цел да ја исполнам програмата, односно да го исполнам ветеното. На советниците им го честитам изборот во Советот на Општина Зрновци и очекувам конструктивна соработка со сите советницви, очекувам дека ќе работиме во интерес на граѓаните, затоа сме избрани. Очекувам секој предлог што е во интерес на граѓаните дека ќе биде прифатен од сите советници, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

Советот на Општина Зрновци има вкупно 9 советници од кои, според постигнатите резултати на изборите, по четворица се од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, а еден советник го доби мандатот како кандидат од независна листа.

На свеченоста по повод доделувањето на уверенијата беше договорено конститутивната седница и изборот на претседател на Советот да се одржи идната недела, поради отсуството на еден од избраните советници.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code