Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

medicinski sestri03.11.2017  Да се почитуваат вистинските вредности на сестринството со една единствена цел, сплотување на сите здруженија во една комора, која ќе биде правен субјект и ќе ги застапува правата и должностите на сестринската професија е целта на Здружението на медицинските сестри, техничари и акушерки – „ЗА НАС“ чии што претставници присуствуваа на состанок и во Општата болница и Здравствениот дом Кочани.

Целта на состанокот со медициските сестри од кочанските здравствени установи е и тие бидат вклучени во активностите на здружението и Унијата и преку состаноците директно да се укаже на потребата од единство и дека сестринската фела мора да се обедини во едно единствено тело за да ги постигнат посакуваните цели.

 

- Ние сме многу пријатно изненадени од гостопримството на медицинските сестри од Кочани и од нивната иницијатива да бидат дел од здружението „За нас“ кое што во изминатите два три месеци работи на промоција на единствената цел на сплотување на медицинските сестри во Македонија, се со една цел, сестрите да добијат правен субјект кој што се вика сестринска комора кој што ќе биде овластен и предвиден во законот за сестринство. Ние сме во моментот во време кога имаме измени и дополнување на Законот за здравствена заштита и се очекува после неговото верификување да се има слух во раководните структури и медицинските сестри да го добијат и својот закон за сестринство. Од тука произлегува и целта на нашето здружение „За нас“ преку кое ние сите сакаме да се сплотиме на еден племенит начин како што е племенита и нашата професија да не препознаат раководните структури како една многу важна професија во нашата област каде што ќе можеме и ние да се докажаме во нашата професија и во еден закон за сестринство каде што сестринската комора ќе ги обележи сите наши законски норми по кои што ние треба да функционираме као профил но ќе ни ги донесе и нашите права, рече м-р Горданка Бешлиовска, координатор на ЗМСТА „За нас“.

Веќе се чувствува и бенефитот од постоењето на здружението на медицински сестри, техничари и акушерки кај оние сестри и болници кои се вклучени во здружението.

- Медицинските сестри од Здравствен дом - Скопје пристапија во здружението „За нас“ а со тоа и во Унијата и со самото пристапување веќе започнавме афирмирање на сестринската професија, да го подигмене сестринството на она ниво на кое што го заслужува како и да го обезбедиме на медицинските сестри статусот во општеството и да се обединиме во комора како што тоа го прават сите сестри во другите земји, рече Анита Димовска, медицинска сестра во Здравствен дом Скопје.

Медицинските сестри од Општа болница и Здравствен дом Кочани во голрм број присустуваа на средбата бидејќи тие   секогаш несебично аплицираат во сите збиднувања што се случуват со сестрите и посебно во Здружението.

- Денеска на наше големо задоволство после подолго време од нашата иницијатива стапивме во контакт со координаторката на Здружението и Унијата на сестри. Присуството на сестрите од Кочани беше големо и на оваа средба да се пројави голем интерес да се зачлениме ние сестрите од Општа болница и Здравствен дом Кочани во Унијата и да можеме понатаму да ги остваруваме своите права и бенефити во нашата професија, рече Даниела Јованчевска, медицинска сестра во Општа болница - Кочани.

Медицинските сестри од Кочани од ова средба па во иднина ќе бидат вклучени и ќе земат активно учество во сите активности и задачи кои што ги реализира здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и се надеваат на што поскоро формирање на сестринската комора која ќе ги застапува правата на медицинските сестри и ќе ги иплементира во здравствената политика.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code