Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ucenici klas06.11.2017  Проблемите со задолженоста на училиштата во општина Кочани се толку големи што стигнале над 700 илјади евра и претставуваат реална закана да го стопираат нивното нормално функционирање.

Подолг период сите образовни установи се оставени без пари што им се неопходни за покривање на основните трошоци, па состојбата може да ескалира со блокирање на сметките.

Јавна тајна е дека такво искуство има еден од директорите, чија сметка не функционира извесен период, а потврда за тоа дојде и од градоначалникот Илијев, на минатонеделната прес-конференција.

- Точна ви е информцијата дека едно од училиштата веќе е блокирано, а друго училиште е пред блокирање. Моја задача е, покрај тоа што направивме обиколка на поголем дел од училиштата, да ги погледнеме состојбите и со задолжувањето, како и моменталаната ситуација каква е со греењето. Останаа уште две училишта да бидат посетени од моја страна и да ги констатираме и проблемите и она што раководните лица го очекуваат од нас, во кој дел ја очекуваат најголемата поддршка. После тоа следат средби со доверителите, првин во образованието, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Решавањето на задолженоста во образованието е прв приоритет што ќе го прави новата локална власт, додаде Илијев, при што соопшти милионски суми што ги должат училиштата.

- ОУ “Свети Кирил и Методиј“ – 6.616.773 денари, ОУ “Никола Карев“ – 8.198.961 денари, ОУ “Малина Попиванова“ – 859.393 денари, ОУ “Раде Кратовче“ – 1.019.667 денари, ОУ “Крсте П. Мисирков“ – 1.085.185 денари, ОМУ “Ристо Јуруков“ – 238.072 денари, “Гошо Викентиев“ – 24.131.151 денари, таму ситуацијата е и најдраматична и “Љупчо Сантов“ – 1.161.034 денари или вкупно 43.310.236 денари долг на училиштата. Најголемите износи се по основ на превоз на ученици, додаде Илијев.

Факт е дека до сега Министерствто за образование не обезбедуваше доволно пари за превозот на учениците преку блок дотациите, па училиштата влегоа во маѓепсан круг на задолженост, што на крајот има сериозни последици во работењето на Локалната самоуправа.

Затоа, ќе треба повторно да се достави предлогот што беше усвоен во март од тогашниот состав на Советот, а со според кој општинската админситрација се задолжи да побара од Министерството да направи нов начин на распределба на средствата за основното и средното образование.

Т. Ајтовски

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 146 гости и нема членови


web counter



qr code