Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

MOZAIK trgovski06.11.2017  Здружението на граѓани “Добредојде Македонија Велкам Центар“ во склоп на манифестацијата „Нов културен бран“ во 2017 година, a во соработка со Министерство за култура и Центарот за култура „Бели мугри“, работи на реализација на проектот под наслов „Мозаик – соработка во традиција и современо живеење “.

Како дел од овој проект младите уметници мозаичари Блашка и Санда Миеви од Скопје на на   парапетниот ѕид спроти кафе-барот „Авангард“ во Трговскиот центар во Кочани изработуваа мозаик.

- Целта на овој проект е да го промовираме мозаикот како креативна индустрија. Ние во Македонија велиме дека Македонија е земја на мозаици меѓутоа младите се помалку и помалку знаат и имаат искуство во работа со мозаикот.

И овој проект е токму за тоа да ги поттикнеме младите да работат мозаик заедно со мозаичари професионалци. Настанот е интерактивен и во изработката можат да се вклучат и граѓаните, рече Емилија Миладинова Аврамчева, претседател на Здружението „Добредојде Македонија Велкам Центар “ Скопје.

Мозаичарите Миеви од Скопје на мозаикот работеа со помош на талентираните ликовни уметници од Кочани, но со поставување на парче мозаик се вклучија и граѓаните на Кочани и градоначалникот Николчо Илијев кој што беше присутен на настанот, во подршка на мозаикот и неговите традиции кои ги имаме во наследство, како и врз основа на модерните текови на ова поле.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/8°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 147 гости и нема членови


web counter



qr code