Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

SAEM kniga 406.11.2017  Отворен e Саемот на книга во Кочани. 1.460 наслови или вкупно 5.091 книга нудат издавачките куќи кои годинава се 15 на број.

На оваа традиционална манифестација што се организира по 12 пат претставени се најновите и најпродаваните книжевни изданија за деца и возрасни, енциклопедии, лектирни изданија, белетристика и мал број книги стручна литература. Некои од издавачките куќи на Саемот во Кочани учествуваат за прв пат.

- Годинава на саемот учествуваат 15 издавачки куќи што е голема бројка за библиотеки како што е нашата. За прв пат оваа година учествуваат издавачките куќи „Едука мак“ која што работи со детска литература и „Полица“ која што исто така има богата понуда на белетристика, детска и научна литература. Останатите издавачки куќи се добро познати на читателите бидејќи станува збор за големи реномирани издавачки куќи кои што излагаат годинава на саемот, рече Мара Анастасова, библиотекар.

Саемот на книгата за отворен го прогласи директорката на библиотеката Румена Тодорова, а на отворањето присуствуваше и градоначалникот Николчо Илијев и претстедателот на Советот на Општина Кочани Томе Солевски, а истиот ќе биде отворен до 11 ноември и љубителите на книгата ќе можат да го посетат секој ден во периодот од 10 до 18 часот.

Саемот на книгата се одржува во склоп на одбележувањето на манифестацијата Месец на книгата во чии што рамки се одржуваат и литературни читања во училишатата од страна на членовите на ЛК „Копнеж“ а се одржа и традиционалниот натправар „Млади библиотекари“.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 112 гости и нема членови


web counter



qr code