Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dzudo medali106.11.2017  Еден златен, еден сребрен и пет бронзени медали освоија џудистите на џудо клубот „Гладијатор“од Кочани на Меѓународниот турнир во Скопје.

Во силна конкуренција од клубови од 14 земји учесници и повеќе од 500 натпреварувачи кочанските џудисти се вратија со освоени седум медали.

- На овој турнир настапивме со седум свои натпреварувачи во различни категории и имавме одличен успех каде што се закитивме со седум медали, едне златен, еден сребрен и пет бронзени. Најуспешна беше Стефанија Павлова која што настапи во две старосни категории и освои златен медал.

Во моментов на меѓународно ниво котираме зад Србија и Бугарија, а мислиме дека ако продолжиме со вакво темпо на подготовки на наредното првенство ќе котираме и на второто место на меѓународно ниво, рече Драган Шеќероски, тренер на џудо клубот „Гладијатор“ Кочани.

На кочанскиот џудо клуб му претстои учество на Меѓународен џудо турнир што на 25. и 26. овој месец ќе се одржи во Софија, Бугарија. Кочанските џудисти интензивно се подготвуваат за таму од каде што очекуваат голем успех и добри резултати.

Т. Велкова

 
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 73%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок14°C/28°C
Сабота17°C/32°C
Недела17°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code